Регион
„Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ
Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ја извести јавноста дека безалкохолните пијалаци од Австрија се испорачани на пазарот во БиХ и се повлекуваат поради сомневање дека содржат парчиња метал.
Станува збор за производите „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, а сите производи се во пластична амбалажа од 0,5 литри, објави Kliks.ba.
Предупредувањето се однесува на пратките помеѓу 4 февруари 2025 година и 4 декември 2025 година, со шифра „ВП“ под датумот.
Увозници во Босна и Херцеговина се COSMO Celic d.o.o. и Pam Consulting d.o.o.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Се урна дел од железничката станица во Нови Сад, има повредени
Натстрешник над влезниот дел на железничката станица денеска се урна во Нови Сад, а се верува дека има повредени.
Голем број екипи на брзата помош, полиција и пожарникари се на терен, пишува „Независне новине“.
Според очевидци, oдекнало како бомба.
„Работиме во зградата спроти железничката станица. Кога падна, нашата зграда буквално се стресе“, вели соговорничката на „Дневник“.
Obrušila se nadstrešnica na ulazu u tek obnovljenu zgradu železničke stanice u Novom Sadu. Više vozila hitne pomoći na licu mesta ukazuje na to da ima i povređenih. https://t.co/bFALh6HMwA pic.twitter.com/UHWalC6zFc
— Demokratska stranka Novi Sad (@GODSNoviSad) November 1, 2024
Според првичните информации, до несреќата дошло кога се урнале столбовите што ја потпираат бетонската конструкција на фасадата на железничката станица.
Некои од српските медиуми јавуваат дека станува дел за стариот дел од натсетршникот, кој не бил опфатен со реновирањето.
Во јули заврши реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, односно нејзината централна сала со шалтери.
View this post on Instagram
Пред отворањето на брзата пруга од Белград до Нови Сад делумно беше реновирана железничката зграда на станицата во Нови Сад кога беше поставен лифт, кој ги поврзува холот и пероните на станицата, потсетува „Н1“.
Регион
Почина тригодишното дете што беше застрелано во Грција
Детето (3), кое утрово беше застрелано во Грција, починало и покрај напорите на лекарите. Смртта била констатирана набргу по пристигнувањето во болница.
Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во Маркопулос.
Според неофицијални информации, во престрелката учествувале патници од два автомобила. Наводно еден од автомобилите застанал до друго возило, во кое имало и дете, и од засега непозната причина почнале да пукаат. Најмалку еден куршум завршил во детето.
Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 патрони.
Детето добило прострелна рана во главата, а неговите роднини бргу го однеле тешко рането во најблискиот здравствен дом. Оттаму детето со возило на брзата помош било префрлено во детската болница.
По приемот, детето не давало знаци за живот.
Регион
Тригодишно дете застрелано во главата во Грција, се бори за животот
Тригодишно дете се бори за животот кога било застрелано во главата. Злосторството се случило во Маркопулос, град во јужна Атика, Грција. Првите сознанија од истрагата укажуваат дека детето било случајно застрелано.
Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопулу.
Детето потоа итно било пренесено во болницата „Аглаја Киријаку“.
Според грчките медиуми, детето е во тешка состојба.
Според реконструкцијата, дошло до пукање меѓу патници од два автомобила, при што куршум испукан од огнено оружје го погодил детето во главата.