Свет
Борел: Поддршката на Кина за Русија е директна закана за европската безбедност
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жосеп Борел, предупреди дека кинеската материјална и дипломатска поддршка за Русија во време кога Москва води војна во Украина претставува директна закана за европската безбедност.
Борел повика и на подобрување на соработката со Јапонија и истомислениците во справувањето со руската војна против Украина и другите безбедносни закани.
„Зголемениот кинески извоз на големи количества стоки и предмети за двојна употреба значително ја помага изградбата на руската воена индустриска база“, рече Борел во интервју за „Кјодо њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 205
Бројот на загинати во поплавите што пред три дена ја погодија источна Шпанија се искачи на најмалку 202 лица во регионот на Валенсија, соопштија денеска регионалните власти.
Најмалку уште три жртви се потврдени во Кастиља Ла Манча и Андалузија, објави Ројтерс.
Ова е најлошата катастрофа поврзана со поплавите во модерната историја на Шпанија, а бројот на загинати сега е меѓу најголемите во една европска земја по поплавите во 1970 година во Романија, во кои загинаа 209 луѓе и поплавите во 1967 година во Португалија, во кои загинаа речиси 500 луѓе.
Свет
Пакистан: Во експлозија на бомба загинаа девет лица, меѓу кои пет деца
Најмалку девет лица загинаа денеска, меѓу кои пет деца, кога моќна бомба прикачена на мотоцикл експлодирала во близина на полициско возило во југозападен Пакистан, соопштија официјални лица.
Началникот на локалната полиција Фатех Мохамад изјави дека нападот, во кој беа повредени 17 други, се случил во областа Мастунг во провинцијата Балучистан, пренесе АП.
Тој појасни дека во близина на експлозијата имало отворено возило со ученици, при што загинале пет деца, а загинале и еден пешак и еден припадник на полицијата.
Свет
Екстремно време и во Норвешка, во сила предупредувањата за поплави и лизгање на земјиштето
Невреме предизвика поплави и лизгање на земјиштето во југозападна Норвешка, уште една европска земја погодена од екстремни временски настани, јавуваат локалните медиуми.
Врнежите утринава се намалени, изјави метеорологот Џули Солсвик за телевизијата НРК, додавајќи дека предупредувањата за поплави и лизгање на земјиште сè уште се во сила.
Според полицијата, засега нема пријавени исчезнати или повредени поради невремето.
Extreme rainfall in Norway: A whole town is isolated, flooding collapses a bridge https://t.co/jBAJ87382r pic.twitter.com/fARKop6zKD
— Nordic News (@Nordic_News) October 31, 2024
„Ситуацијата е драматична“.
Пристапот до градот Ода, каде што живеат околу 5.000 луѓе, на речиси 60 километри југоисточно од Берген, беше блокиран утринава кога се урна мост. Сите други пристапни патишта до градот беа затворени поради невремето.
Градоначалникот Ода ја опиша ситуацијата како драматична за новинската агенција НТБ вчеравечер. Подрумот што му припаѓа на историскиот хотел „Уленсванг“ бил поплавен во текот на ноќта, јави НРК. Се вели дека во подрумот на хотелот се чуваат многубројни антиквитети и уметнички дела.
Невремето во Норвешка следува по разорните поплави во Шпанија оваа недела, во кои загинаа речиси 160 луѓе, а десетици сè уште се водат за исчезнати.