Спорт
Норис: Ферстапен мора да го смени пристапот кон трките

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, вели дека неговиот конкурент за титулата во Формула 1, Макс Ферстапен од Ред Бул, треба да го промени својот пристап кон трките.
Тој исто така додаде дека очекува почиста борба на претстојната трка за Големата награда на Бразил во Сао Паоло. Норис и Верстапен се борат за титулата, а трикратниот светски шампион доби две казни од по 10 секунди и два казнени поени во двата контроверзни инциденти на трката во Мексико минатата недела поради агресивно возење во борба за позиција со Британецот.
Вториот инцидент Норис на радио го нарече опасен, а Ферстапен доби многу критики за неговото возење.
Норис изјави дека не разговарал со Ферстапен за инцидентите во Мексико и дека многу го почитува актуелниот светски шампион, но не и неговите постапки на последната трка.
„Тоа не е нешто за што треба да разговарам со Макс. Макс е веројатно еден од најспособните возачи во конкуренцијата, ако не и најспособниот. Тој знае што може, а што не може и каде се границите. знае што треба да промени“, рече Норис.
Во четвртокот во Сао Паоло, Ферстапен ги отфрли критиките како здодевни и пристрасни и рече дека знае што прави.
Норис и Ферстапен се добри пријатели надвор од патеката откако британскиот возач му се приклучи на Мекларен во 2019 година.
Се чини дека инцидентите на трките во Австрија и Остин немаа да влијаат на пријателството, но Норис рече дека тоа може да се промени до крајот на сезоната.
Ферстапен има 47 поени предност пред Норис на четири трки до крајот. Британецот има освоено повеќе поени од конкурентот на четири од последните пет трки, но ќе треба да има просек од 11,75 поени повеќе по тркачки викенд за да ја освои титулата.
Норис изјави дека добрата работа на целиот тим му дава надеж дека може да ја освои првата титула, но дека мора да се поклопат и други работи, меѓу кои и лошите резултати на Ферстапен и Ред Бул.
Спринт трката во Бразил започнува во сабота во 15:00 часот, а Големата награда на Бразил во Сао Паоло е закажана за недела во 18:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Мектомини го врати Наполи на првото место во Серија А

Фудбалерите на Наполи го победија Торино на домашен терен со 2:0 (2:0) во 34-то коло од италијанската Серија А.
Наполи оствари рутински триумф со головите на Скот Мектомини, кој погоди во седмата и и 41.минута.
🚨🔵 SCOTT MCTOMINAY, ANOTHER HUGE GOAL FOR NAPOLI! 🏴🤯
As it stands, Napoli are 3 points ahead of Inter in first place. 🥇 pic.twitter.com/gVr4Xd8h6I
— EuroFoot (@eurofootcom) April 27, 2025
Откако претходно Интер загуби од Рома (0:1) на „Џузепе Меаца“ во дербито на колото, Наполи го искористи тоа и сега на врвот има три бода повеќе од актуелниот шампион.
Торино е на 10. место во Серија А со 43 бода.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас го одигра целит натпревар за Торино.
Следниот натпревар Наполи ќе го игра на гости против Лече, а Торино ќе ја пречека Венеција.
Спорт
(Видео) Голчиште на супер талентот на Ривер Плјет во Суперкласико

Ривер Плејт славеше победа над Бока Јуниорс во 264-то Суперкласико. Натпреваот го обележа најголемиот талент на аргентинскиот фудбал, 17-годишниот Франко Мастантуно.
Бројни скаути на најголемите европски клубови беа на „Монументал“ да го видат на дело Ривер Плата победи против Бока Јуниорс во 264-то Суперкласико, скаути низ целиот свет Франко Мастантуно.
Тинејџерот во 26.минута покажа со каков потенцијал располага, постигна гол од слободен удар од 30 метри.
I told you before that Franco Mastantuono has the minerals, but to score this free-kick from this distance against River Plate’s rivals Boca Juniors who are top of the league??? INSANE
What a player. Wow.
🎥: @DiarioGols pic.twitter.com/al8o5rhbCp
— Ben Mattinson (@Ben_Mattinson_) April 27, 2025
Бока се врати во 39.минута кога Герман Пецела згреши, а Мигел Мерентиел излезе сам пред Франко Арамни и ја пласира топката во голот.
Ривер предноста ја врати во 45.минута кога од втора Франко Дуруси ја погоди целта.
Во вториот дел немаше голови, имаше шанси, но Армани не дозволи Бока да изедначи.
Спорт
Брансон и Таунс за брејк на Њујорк во Детроит

Њујорк Никс се на прагот да се пласираат во втората рунда од плејофот во Источната конференција.
Тимот на Том Тибодо ги победи Пистонс во Детроит вечерва по средноевропско време, во драматичен финиш со 94:93.
Резултатот сега е 3:1 во серијата за „Никербокерс“, а победникот во конференциското полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот Бостон Селтикс – Орландо Меџик. Актуелните шампиони Селтикси водат со 2:1.
Апсолутен херој на оваа победа на Никс беше плејмејкерот Џејлен Бренсон, кој заработи повреда на глуждот во текот на натпреварот. Сепак, се врати на теренот во финишот и заедно со Карл-Ентони Таунс одигра клучна улога во „брејкот“ на тимот од Менхетен.
Херој на победата за тимот од „Големото јаболко“ беше Карл-Ентони Таунс, кој во последната минута погоди тројка со која тимот на Том Тибодо направи пресврт, а подоцна и победи.
Џејлен Брансон беше најефикасен во победничкиот тим со 32 поени и 11 асистенции, додека Таунс го заврши натпреварот со 27 поени и девет скока.
Кај Детроит се истакна Кејд Канингем со трипл-дабл (25-10-10), односно Тобијас Харис со 18 поени. Тим Хардавеј постигна поголем дел од своите 14 поени во финишот, додека Џејлен Дурен беше доминантен по обрачите со 17 скока.