Македонија
Раководството од СДСМ и ДУИ во МЕПСО му испатило аванс од 1,8 милиони евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ
За набавка на уредот за корекција на профил, раководството на МЕПСО поставено од СДСМ и ДУИ, на албанската фирма за штанцање на фактури за наплата, Шанси инвест му исплатило аванс од 1,8 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тоа е 20 отсто од вредноста на тендерот.
„Шанси инвест пет години, во периодот од 2019 до 2023 година, немала никакви финаски приходи. Првите приходи кои ги остварила и тоа во вредност од само 18.000 денари, биле во 2023 година, за потоа веќе во следната 2024 година да го добие милионскиот тендер од МЕПСО.
Значи, МЕПСО под раководство лица од СДС и ДУИ, на фирма која пет години немала никави приходи им доделуваат тендер од 10 милиони евра.
Освен што раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО доделило јавна набавка на конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб во вредност од неверојатни 10 милиони евра, тку и во договорот се договорило да исплати аванс од 20%, односно 1,8 милиони евра, на Шанси инвест, фирма која пет години немала ни денар приход.
Поврзаноста и намерата во добивањето милионскиот тендер од МЕПСО, се повеќе од потребни индиции за Јавното обвинителство да не чека и веднаш на отвори истрага и за истиот случај да следи одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

