Спорт
(Видео) Бањаја победи пред Мартин, страшен инцидент ја обележа трката во Малезија
Страшниот инцидент, за среќа без последици, во која се најде Џек Милер од КТМ, ја обележа трката ГН на Малезија, во која победи Пеко Бањаја пред Хорхе Мартин и Енеа Бастијанини.
На патеката „Сепанг“, на стартот, Австралискиот возач изгубил контрола имаше контакт со Фабио Квартараро, а во инцидентот ни крв ни дожен настрада и тимскиот колега на Милер, Бред Биндер.
Трката беше прекината набргу потоа за да му се помогне на Милер, бидејќи веднаш беше очигледно дека Квартараро и Биндер се релативно добро.
Милер, требаше да биде пренесен во болница со амбулантно возило, но набрзо беше утврдено дека тоа не е неопходно бидејќи за среќа повредите не се сериозни.
Ngeri Jack miller dilindes rider lainnya, balapan disirkuit sepang langsung distop balapan/red flag #MalaysiaGP pic.twitter.com/mUwQ8Z6e1y
— ꑭ (@thesands__) November 3, 2024
Што се однесува до трката на „Сепанг“, претпоследната трка сезона, првото место го одзеде возачот на Дукати, Франческо Бања. Актуелниот шампион четири круга водеше епска борба со лидерот во генералниот пласман, Мартин.
Неколку пати тие двајца се менуваа на челната позиција. На крајот Бањаја успеа да се одвои и да ја забележи 10.победа во сезоната.
И покрај тоа што заврши зад Бањаја, Мартин го задржа водството во генералниот поредок, има 24 поени повече, па овосезонскиот Мото ГП ќе има „фотофиниш“ кој ќе се одржи на 17 ноември на патеката во Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Кукавици, немате ма*иња“, Мурињо дивеел во соблекувалната на Челси по поразот од Барса
Поранешниот играч на Челси и англиски репрезентативец, Џо Кол, откри како Жозе Мурињо го запалил тимот по поразот од Барселона во 2005 година.
Годината е 2005 година. Стадион „Камп ноу“. Челси загуби од Барселона со 2:1 во првиот натпревар од осмина-финалето на Лигата на шампионите. А потоа – експлозија. Жозе Мурињо, тогашниот тренер на „сините“, влегол во соблекувалната и истурил сè што му лежело на душата. Џо Кол го открива тоа во својата автобиографија: „Играч за луксузни пригоди“:
„Вашиот прв голем тест како тим – и не успеавте. Дојдовте на ‘Камп ноу’ и се скривте. Кукавици. Нула храброст!“, Мурињо не штедеше никого, ниту Петр Чех, ниту Џон Тери, ниту Френк Лампард.
Им кажа дека Ето и Деко ги смачкале. Тој проколна на совршен англиски: „Вие проклети копилиња! Немате ма..ња!“ Тој сè кажа со лутина, презир и разочарување. Како сите да чекавме егзекуција. Само си помислив: „На секој од нив му дава по 20 секунди. Кога ќе дојде до мене, ќе паднам како покосен“.
Но, дојде редот на Џо и на Демиен Даф – и се случи чудо.
„Ни кажа дека игравме добро и дека се трудиме. Се чувствував како човек со врзани очи пред стрелачки вод – спасен во последен момент“.
Гневот на Мурињо беше систем – знаеше кога да скрши, а кога да крене
Кол ја опишува соблекувалната како темно место, но и момент што ги промени играчите. Никој не се осмели ниту да се закашла, но пораката беше примена. Во реваншот Челси поведе со 3-0 пред Барса дури и да се вклучи во натпреварот.
„Тој знаеше кога да те скрши, но и кога да те изгради. По реваншот, тој дојде до мене, ме прегрна и им извика на навивачите: „Џо Кол! Победивме благодарение на него“. Тоа беше негов начин да каже дека ми простил – и тогаш знаев дека сум успеал“.
Тренинг со Мурињо – пекол за телото, рај за главата
Конечно, Кол истакнува дека Мурињо не бил само мотиватор, туку и тренер што го менувал менталитетот на играчите.
„Тој нè тренира како никој дотогаш. Сè беше со топка, без прекин. Мораше да размислуваш додека играш. Физички те крши, но ментално те прави посилен“, рече Кол.
Португалецот беше во Челси двапати, од 2004 до 2007 година и од 2013 до 2015 година, а со „сините“ трипати ја освои Премиер лигата и Лига купот, како и ФА-купот во 2007 година и Суперкупот на Англија во 2005 година.
Спорт
Синер го скокна Алкараз – Италијанецот повторно е број 1
Јаник Синер, вчера го освои првиот Мастерс трофеј оваа сезона, во финалето во Париз го победи Феликс Оже-Алијасим (6:4, 7:6). Италијанецот по триумфот на Мастерсот во Париз, по два месеци се врати на челната позиција на АТП листата.
Јаник Синер на првото место има 11.500 поени, односно 250 повеќе од Карлос Алкараз, кој неочекувано во Париз испадна во втората рунда. Кој ќе биде прв на крајот од годината ќе биде решено на завршниот Мастерс во Торино.
Александар Зверев е на третата позиција со 5.560 поени, додека Американецот Тејлор Фриц е четврти со 4.735.
Новак Ѓоковиќ ја задржа петтата позиција, по него следува Американецот Бен Шелтон, кој се искачи за една позиција.
Австралиецот Алекс де Минор падна на седмото место, додека Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим го подобри својот ранг за две позиции и сега е осмиот тенисер во светот.
Италијанецот Лоренцо Музети и Норвежанецот Каспер Руд назадуваа за по една позиција. Музети моментално е деветти во светот, додека Руд е на 10-то место.
Спорт
Рома загуби од Милан и остана без Дибала
Паоло Дибала е трагичарот на дербито меѓу Милан и Рома. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, при водство на противникот 1:0. Рома го загуби дербито и остана без Дибала, кој се повреди.
„Најлошото нешто во врска со пеналот е што Дибала се повреди. Мора да видиме колку долго ќе биде надвор од теренот, сигурно до крајот на репрезентативната пауза. Тоа е најголемата загуба за нас вечерва, откри тренерот на Рома, Џанпјер Гасперини.
Пауло Дибала, прв пат промаши пенал како играч на Рома, со што заврши неговата успешна серија од 18 успешно изведени пенали.
Ла Хоја не реализира пенал од 30 ноември 2021 година, кога беше непрецизен за Јувентус во дуелот со Салернитана.
По дербито на „Сан Сиро“ и победата на Милан, на врвот во Серија А е вистински метеж. Лидер е Наполи со 22 бода, а зад него се три екипи со бод помалку: Интер, Милан и Рома.
Foto/ EPA

