Спорт
Хаотична трка во Бразил, Ферстапен победи, Алпин сензационално на позициите два и три
Макс Ферстапен, по пауза од 10 трки, се радуваше на победа во шампионатот на Формула 1. Холанѓанецот победи во хаотичната трка за Голамата награда на Бразил, која покрај него ја обележаа возачите на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли кои завршија на второто и третото место. Трката на патеката Интерлагос беше катастрофална за Мекларен и ландо Норис, кој заврши шестти во поредокот и речиси и да остана без шанси во борбата за титулата.
Дождот во Сао Паоло придонесе да присуствуваме на највозбудливата трка во сезоната. Ферстапен стартуваше од 17. место и на крајот победи.
Неговото брилијантно возење и тимсата тактика, кога не го повикаа да ги смени пневамтиците кога се возеше под виртуелното возило за безбедност, потоа излегувањето на возилото за безбедност, па црвеното знаме кога беше прекината трката, а тој заедно со взачите на Алпин доби бесплатно менување на гумите му ја донесоа победата.
Од друга страна Норис кој стартуваше од пол-позицијата, во првите 20 метри од Џорџ Расел го загуби првото место, а потоа направи две големи грешки поради што и заврши на шестатта позиција.
На крајот поредокот на првите 10 изгледаше вака: Ферстапен, Окон, Гасли, Расел, Леклер, Норис, Цунода, Пјастри, Лосон, Хамилтон.
Во првенството на Формула 1 сега следува пауза од три недели, а следната трка ќе се вози во Лас Вегас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Записничката маса и судиите и ја подарија победата на Шпанија над Словачка
Нестварната грешка на судиите и ја украдоа на Словачка најголемата победа во историјата. Шпанија во квалификациите за ЕП, во Братислава ја победи Словачка по две продолженија со 76:72.
На истекот на првото продолжение Словаците водеа со 67:64 на 0,4 секунди до крајот и ја имаа топката кај себе.
Еден словачки играч лошо го изведе аутот, Јуста ја украде топката, која падна на подот, а тој потоа ја прифати и погоди нереална тројка.
Ваква тројка, тоа му е јасно на секого не може да биде постигната за само 0,4 секунди. Теоретски е невозможно, бидејќи Јуста ја допре топката таа се одби од паркетот, потоа тој ја прифати и упати шут.
На снимката јасно се гледа дека од записничката маса не го поштија сатот за мерење на времето кога Јуста прв пат ја допре топката.
Според правилата на ФИБА, уште колку време преостанува и дали часовникот доцнел можат да бидат прегледани од судиите, што значи дека тие можеле да го поништат спорниот гол.
Нејасно е тогаш зошто тоа не го направи судиската тројка на чело со Хрватот Мартин Вулиќ во која беа и Сесилија Монтгомери-Тот и Петер Пранкш од Унгарија.
„Можев да зборувам многу за тоа што се случи во финишот. Теоретски, невозможно е да се пресече топката, таа да се одбие од подот и дури тогаш Јуста шутне. Сето тоа го за четири десетинки. Ја давам десната рака, тоа не е можно“, изјави селекторот на Словачка, Арамис Наглиќ.
Шпанците со оваа победа избегнаа големи непријатности во групата, бидејќи во третото коло дојдоа до првата победа. Доколку загубеа со скор 0/3 ќе имаа минимални шанси да се пласираат на ЕП.
За потсетување Шпанија на последното ЕП ја освои титулата.
Dicen que el tiempo es relativo.
Pues para Yusta 4 décimas son 𝙡𝙖 𝙚𝙩𝙚𝙧𝙣𝙞𝙙𝙖𝙙
El triple de una remontada jamás vista. 6 puntos en 4 segundos.
España, a lograr lo imposible en la segunda prórroga. #Eurobasket2025 pic.twitter.com/qLvJTv1MBS
— Teledeporte (@teledeporte) November 22, 2024
Спорт
Обст со 11 тројки ја торпедира Барселона
Кошаркарот на Баерн Минхен, Андреас Обст го урна рекордот на Евролигата.
Во натпреварот од 11. коло од елитното европско натпреварување помеѓу екипата на Баерн и Барселона, која заврши со убедлива победа на тимот од Минхен (100:78) , Обст постигна неверојатни 11 тројки. До почетокот на последната четвртина постигна дури 10 тројки, а потоа до крајот на натпреварот постигна уште една. Германскиот репрезентативец натпреварпт го заврши со 34 поени, постигна 11 тројки од 16 обиди.
Обст го собори претходниот рекорд кој го држеа Шејн Ларкин и Дру Годлок
Во сезоната 2019/20, Ларкин двапати постигна 10 тројки, првиот пат на 29 ноември 2019 година на натпреварот меѓу Ефес и Баерн, а вториот пат на 6 март 2020 на натпреварот помеѓу Ефес и Олимпијакос во регуларниот дел од сезоната.
Дру Гаудлок беше прецизен од линијата 6,75 десет пати на еден натпревар во сезоната 2014/15 (13 ноември 2014 година) кога како играч на Фенербахче играше против Баерн.
ANDI OBST, RECORD MAN! pic.twitter.com/bfU7ekmxm3
— FC Bayern Basketball (@FCBBasketball) November 22, 2024
Спорт
(Видео) Јокиќ доби син, па се врати на паркетот со трипл-дабл, Денвер загуби од Далас
Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ со трипл-дабл го прослави раѓањето на второто дете. Спрскиот ас и сопругата Наталија добија син, а Јокиќ на паркетото против Далас Маверикс испорача 33 поени, 17 скока и 10 асистенции.
Денвер не успеа да го победи Далас и покрај тоа што Јокиќ го водеше тимот до пресврт. Денвер надоместија минус од 20 поени, но на крајот Далас победија со 123:120.
Јокиќ одново не доби помош од соиграчите и покрај тоа што го забележа седмиот трипл-дабл од почетокот на сезоната.
Српскиот ас го следеа Кристијан Браун и Мајкл Портер Јуниор со по 17 поени, а Расел Вестбрук додаде еден помалку. На другата страна Наџи Маршал постигна 26 поени, Пи Џеј Вашингтон додаде 22, а Кајри Ирвинг 19.
Далас играше без Лука Дончиќ кој го повреди зглобот на десната рака во вториникот.
Резултати:
Филаделфија – Бруклин 113:98
Вашингтон – Бостон 96:108
Њу Орлеанс – Голден Стејт 108:112
Чикаго – Атланта 136:122
Хјустон – Портланд 116:98
Милвоки – Индијана 129:117
Денвер – Далас 120:123
ЛА Клиперс – Сакраменто 104:88