Регион
Силен земјотрес на Халкидики, се тресеше и во Солун
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри јужно од Неа Мудања и на околу 60 километри југоисточно од Солун, на длабочина од десет километри, објави порталот „emsc-csem.org“.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. По силниот земјотрес следеа десетина послаби потреси од кои најјакиот беше 3.8 степени според Рихтер.
Заменик градоначалникот на Неа Мудања Костас Кокинидис потврди дека нема извештаи за материјална штета иако епицентарот на земјотресот бил блиску до ова место, објави порталот „прототема.гр“.
Сеизмологот Герасимос Пападопулос рече дека сè уште е „прерано да се зборува за главниот шок“:
„Утре ќе имаме повеќе докази и информации. Сè уште е рано да се зборува за голем земјотрес“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тројцата тешко повредени во Нови Сад и понатаму се критични
Состојбата на тројцата повредени при уривањето на настрешницата во Нови Сад во Србија се уште е многу тешка, лекарите се борат за нивниот живот, соопшти в.д. директорката на Клиничкиот центар во Војводина, Весна Туркулов, јавува Анадолија.
Ангажиран е тим од психолози и психијатри кои работат со семејствата на повредените.
Три лица кои беа повредени при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште се во критична состојба опасна по живот, објави јавниот ТВ сервис на Србија.
„Се уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата се уште не е стабилизирана, се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот се уште трае“, рече Туркулов.
Таа додаде дека е вклучен и тим од психолози и психијатри, кој работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.
На повикот за доброволно дарување крв се одзваа голем број луѓе. За кратко време беа собрани 1000 единици крв, а 600 млади за прв пат даруваа крв.
Регион
Премиерот на Србија: Очекувам дека оставката на Весиќ нема да биде единствена
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ.
„Мислам дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек, кој е свесен дека кога ги извршуваш најважните државни функции, го имаш и товарот на одговорност. Не се сомневам дека тој субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад“, рече Вучевиќ.
„Ќе ја прифатам неговата оставка со благодарност за сè што направи за време на мандатот и на оваа и на претходната влада, не можам да кажам дека лошо си ја заврши работата, но во политиката има одговорност за работи за кои вие лично не сте виновни“, рече Вучевиќ.
Тој рече и дека не ги разбира протестите што се одржуваат наведувајќи дека се морално одвратни.
„Секој има право да организира протести, но тоа што некој ќе скрши, кине, нападне нема никаква врска со емпатијата и болката за жртвите“, додаде тој.
Тој рече и дека опозицијата сака политички да профитира од трагедијата.
„Ќе има и политичка одговорност и очекувам дека оставката на Весиќ нема да биде единствена“, рече тој.
Регион
(Видео) „Крвави ви се рацете“: во Нови Сад беше закачен транспарент
Активисти на Движењето на слободните граѓани синоќа на големо бело платно на Градското собрание во Нови Сад закачија транспарент на кој со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.
Истиот транспарент го ставија и на фасада на зграда на централната пешачка улица.
— Pokret slobodnih građana Novi Sad (@psgns) November 4, 2024
За денеска во 18 часот е закажан протест во Нови Сад, чие одржување го поддржаа партиите на здружената новосадска опозиција.