Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија денеска без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
· Во период од 09 до 14 часот општина Зелениково, нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево;
· Од 09 до 13 часот корисниците од улицата Исаија Мажовски општина Ѓорче Петров;
· Од 09 до 14 часот улица Копенхагенска, улица Бриселска и дел од улиците Женевска и Софиска и
· Од 09 до 14 часот Управа за контраразузнавање, улица Тодор Александров и улица Славејко Арсов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Карпош и општина Сарај денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од булеварот 8-ми Септември до улицата Никола Тесла во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Љубин, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата можно е мал прекин во водоснабдувањето да имаат корисниците од село Љубин во општина Сарај.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Козле од бр.130 до бр.170 ( општина Карпош ), како и дел од корисниците од ул.24 во населба Сопиште. ( општина Сопиште )
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан и Ѓорѓи Сугаре, како и дел од корисниците лоцирани на бул. Борис Трајковски.( општина Кисела Вода )
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерн. ( општина Ѓорче Петров )
Скопје
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.10. до 03.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопшти ПОЦ.