Скопје
Ѓорѓиевски на средба со граѓански организации за јакнење на транспарентноста и зголемување на дигиталното учество на граѓаните во процесите на општината
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и тимот од Кисела Вода што работи на спроведување на заложбите од глобалното Партнерство за отворена локална власт, каде оваа општина, како единствена од Македонија беше избрана за членка, одржаа работна средба со претставници од повеќе граѓански организации. Целта на овој состанок беше давање на препораки, сугестии и мислења за тоа како општината може да ја унапреди успешноста во работењето во областите транспарентност и дигитално учество и да биде уште поотворена кон граѓаните.
Имено, во рамки на Партнерство за отворена локална власт, како платформа која има за цел да овозможи здружување на локалните власти и граѓаните за да ги направат општините и управувањето со општините отворени, инклузивни и респонзивни на барањата на граѓаните, Општина Кисела Вода заедно со партнерите Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик, го развива првиот акциски план кој ќе се фокусира на две заложби: јакнење на транспарентноста на општината и зголемување на дигиталното учество на граѓаните во процесите на општината.

Претставниците од Центарот за граѓански комуникации, Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, Центарот за управување со промени, Метаморфозис, Здружението за знаење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес, презентираа наоди и препораки од своите истражувања во овие две области во врска со перформансот на Општина Кисела Вода, сугестии кои ќе бидат значајни при дизајнирањето на мерките во акцискиот план. Потоа низ поширока дискусија беа разгледувани можностите за подобрување на одредени параметри, но беше евидентиран и остварениот напредок на оваа единица на локална самуправа во одредени области.
– Почитувани, Вашите мислења, препораки и сугестии се суштински за нас и за создавањето на акцискиот план кој ќе ги насочи напорите на Општина Кисела Вода кон уште поголема транспарентност и инклузивност. Ние не зборуваме за напредокот што го имаме во овие три години низ бројки, бидејќи вие сте оние што тоа го мерат и оценуваат. Сепак, скокот во транспарентноста што го постигнавме веќе многу кажува за нашата посветеност. Но, за постигнување целосен успех, се надеваме дека со вашите идеи и сугестии, ќе го изградиме најуспешниот акциски план кој ќе нè води напред и секако, тука би сакал да се заблагодарам за континуираната поддршка на нашите партнери во овој процес, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик. За нас, надминувањето на предизвиците значи растеж, а задоволните граѓани се нашата најголема награда. Остануваме посветени и продолжуваме со иста динамика, бидејќи тоа е нашата обврска и одговорност кон жителите на Кисела Вода, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потсети на повеќе проекти кои беа клучни Кисела Вода да биде избрана за членство во Партнерството за отворена локална власт.

Во моментов во Партнерството за отворена локална власт членуваат 75 држави и преку 100 локални самоуправи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување камен темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, општина Карпош.
„Би сакал да изразам задоволство што овој објект добива своја физиономија, беше заглавена процедурата, беше заглавена изградбата и проектот самиот по себе, но еве гледате за колку кратко време можеби недела до две веќе почнува да се извишува и тоа е добро, затоа што е дел од образовниот процес, добро е што жителите на овој дел од градот ќе можат да ја користат оваа спортска сала, но она коешто е најважно, учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ ќе може да добијат современ спортски објект каде што ќе може да се натпреваруваат во кошарка, во ракомет и во други спортови. Геометријата на самиот проект одговара на барањата и потребите на врвните федерации, така што тоа е посебно треба да се истакне за овој проект“, кажа Мицкоски.

„Јас му честитам на градоначалникот за успешно завршените подготвителни активност, сега останува на компанијата изведувач. Да се заблагодарам на администрацијата, на советниците, на пратеникот од Карпош којшто работат секојдневно за да овие проекти коишто дел од нив се во некоја полу форма добијат физиономија, добијат форма и во рокот да бидат завршени. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти затоа што иднината е во најмладите иднината е во децата, образованието на децата ни е најважно и така ќе се однесуваме во годините коишто следат. Уште еднаш честитам и посакувам уште многу вакви проекти да се реализираат“, додаде премиерот.
Изградбата на објектот започна во средината на јануари годинава, а градежните активности се очекува да завршат до мај. Изведувач на проектот е компанијата „Конструктор“, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 63.843.523 денари.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.

