Регион
Човечки скелет без глава пронајден во шума во БиХ
Во полициската станица во БиХ, Ж. З. пријавил дека во шумата меѓу Периќ и Дуг, во градот Понир, пронашол човечки скелет без глава, со делови од облека, покрај кои имало ловечка пушка и нож, пишува „Кликс“.
Како што информираат од полицијата на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), за инцидентот биле известени Одделот за криминалистичка полиција на полициската управа Коњиќ и дежурниот обвинител.
Истрагата е завршена, полицијата засега не може да зборува за деталите за случајот, а повеќе информации ќе бидат познати по детаљните анализи на пронајдените примероци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Премиерот на Србија: Очекувам дека оставката на Весиќ нема да биде единствена
Премиерот на Србија Милош Вучевиќ изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.
„Мислам дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек кој е свесен дека кога ги извршуваш најважните државни функции го имаш и товарот на одговорност. Не се сомневам дека тој субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад“, рече Вучевиќ.
„Ќе ја прифатам неговата оставка со благодарност за се што направи за време на мандатот на оваа и на претходната влада, не можам да кажам дека лошо си ја заврши работата, но во политиката има одговорност за работи за кои вие лично не сте виновни. “, рече Вучевиќ.
Тој рече и дека не ги разбира протестите што се одржуваат, наведувајќи дека се „морално одвратни“.
„Секој има право да организира протести, но тоа што некој ќе скрши, кине, нападне нема никаква врска со емпатија и болка за жртвите“, додаде тој.
Тој кажа и дека опозицијата сака политички да профитира од трагедијата.
„Ќе има и политичка одговорност и очекувам дека оставката на Весиќ нема да биде единствена“, рече тој.
Регион
(Видео) „Крвави ви се рацете“: во Нови Сад беше закачен транспарент
Активисти на Движењето на слободни граѓани синоќа на големо бело платно на Градското собрание во Нови Сад закачија транспарент на кој со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.
Истиот транспарент го ставија и на фасада на зграда на централната пешачка улица.
— Pokret slobodnih građana Novi Sad (@psgns) November 4, 2024
За денеска во 18 часот е закажан протест во Нови Сад, чие одржување го поддржаа партиите на здружената новосадска опозиција.
Регион
Неколку училишта во Црна Гора добија дојава за поставени бомби
Наставата во неколку училишта во Црна Гора утрово е прекината, а учениците и вработените се евакуирани, поради дојава за поставени бомби.
Порталот РТЦГ дознава дека на адресите на неколку училишта во Подгорица, Голубовци, Бијело Поље, Даниловград пристигнале заканувачки пораки.
Министерството за образование, наука и иновации соопшти дека училишните администрации презеле мерки од нивна надлежност.