Регион
Го убил љубовникот на поранешната сопруга и го фрлил во бунар, па избегал: тешко убиство во Србија
Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар поднесе обвинителен акт против Сеад З. (27) поради основано сомнение дека на свиреп и подмолен начин ѝ го одзел животот на жртвата Нусрет Д. (28).
Обвинението, кое е доставено до Вишиот суд во Нови Пазар за донесување одлука за потврда, обвинетиот го товари за кривично дело тешко убиство“, соопштија од Вишото јавно обвинителство.
Обвинителството му предложи на советот на Вишиот суд во Нови Пазар да му се продолжи притворот на обвинетиот Сеад З.
Тој е обвинет дека на 8 февруари со остар предмет му нанел смртни повреди на Н. Д. и потоа телото на убиениот го фрлил во бунар во селото Меѓугор, во околината на Сјеница.
По злосторството, побегнал од Србија.
Тој беше уапсен во Австрија на 21 февруари откако Вишиот суд во Нови Пазар се согласи да распише меѓународна потерница по него.
Тој беше екстрадиран во Србија на крајот на мај.
Покрај него, во истрагата е опфатен и Е. Џ. (19) од Сјеница за непријавување подготвување кривично дело и Е. Х. (40) од Нови Пазар за помагање на сторителот по извршеното кривично дело.
С. А. З. (27) од Сјеница е осомничен дека пред десет дена го намамил Нусрет Дестановиќ (27) од Тутин, љубовникот на неговата поранешна сопруга Р. Х. (27), а потоа го претепал, го усмртил и го фрлил во селскиот бунар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Премиерот на Србија: Очекувам дека оставката на Весиќ нема да биде единствена
Премиерот на Србија Милош Вучевиќ изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.
„Мислам дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек кој е свесен дека кога ги извршуваш најважните државни функции го имаш и товарот на одговорност. Не се сомневам дека тој субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад“, рече Вучевиќ.
„Ќе ја прифатам неговата оставка со благодарност за се што направи за време на мандатот на оваа и на претходната влада, не можам да кажам дека лошо си ја заврши работата, но во политиката има одговорност за работи за кои вие лично не сте виновни. “, рече Вучевиќ.
Тој рече и дека не ги разбира протестите што се одржуваат, наведувајќи дека се „морално одвратни“.
„Секој има право да организира протести, но тоа што некој ќе скрши, кине, нападне нема никаква врска со емпатија и болка за жртвите“, додаде тој.
Тој кажа и дека опозицијата сака политички да профитира од трагедијата.
„Ќе има и политичка одговорност и очекувам дека оставката на Весиќ нема да биде единствена“, рече тој.
Регион
(Видео) „Крвави ви се рацете“: во Нови Сад беше закачен транспарент
Активисти на Движењето на слободни граѓани синоќа на големо бело платно на Градското собрание во Нови Сад закачија транспарент на кој со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.
Истиот транспарент го ставија и на фасада на зграда на централната пешачка улица.
— Pokret slobodnih građana Novi Sad (@psgns) November 4, 2024
За денеска во 18 часот е закажан протест во Нови Сад, чие одржување го поддржаа партиите на здружената новосадска опозиција.
Регион
Неколку училишта во Црна Гора добија дојава за поставени бомби
Наставата во неколку училишта во Црна Гора утрово е прекината, а учениците и вработените се евакуирани, поради дојава за поставени бомби.
Порталот РТЦГ дознава дека на адресите на неколку училишта во Подгорица, Голубовци, Бијело Поље, Даниловград пристигнале заканувачки пораки.
Министерството за образование, наука и иновации соопшти дека училишните администрации презеле мерки од нивна надлежност.