Спорт
Спортискиот директор Еду го напушта Арсенал
Арсенал веќе неколку сезони е претендент за титулата во Премиер лигата Причина за тоа се бројните промени во последните години, но „топчиите“ сега ќе останат без еден од главните луѓе.
Спортски директор Еду ќе го напушти стадионот Емирати по пет години минати во клубот, објави „Дејли Мејл“.
Еду дојде во Арсенал на позицијата технички директор, а по три години, поточно во 2022 година, стана спортски директор на клубот. Тој заедно со Микел Артета го врати Арсенал во позиција да се бори за титулата и да биде редовен учесник во Лигата на шампионите.
Еду им најави на луѓето во клубот дека ќе си замине, но останува прашањето кога и зошто си заминува. Соработката меѓу него и Артета беше на завидно ниво, а Еду беше директно вклучен во доведувањето на лидерите актуелниот тим на Арсенал како Мартин Одегард и Деклан Рајс.
Арсенал во среда го пречекува тимот на Интер, а на прес-конференцијата пред тој натпревар би можеле да се знаат повеќе детали за заминувањето на Еду од функцијата спортски директор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гоце Седлоски се врати во Вардар
Фудбалскиот клуб Вардар објави дека поранешниот репрезентативец Гоце Седолски е именуван за тренер на првиот тим. Седлоски е четвртиот тренер од почеткот на сезоната во најтрофејниот македонски клуб. На клупата тој го наследи Срѓан Захариески кој вчера спогодбено се раздели со клубот.
Гоце Седлоски, вториот мандат на клупата на вардар ќе го започне викендов кога Вардар ќе игра против Шкупи. Седлоски, претходно ги предводеше црвено-црните од 2015 до 2017 година.
Седлоски се врати во Вардар во деликатен момент, тимот по 13 рунди се наоѓа на последното место на табелата со само осум бода.
Сезоната како тренер на Вардар ја започна Горазд Михаилов, кој замина од приватни причини, потоа на два натпревари тренер беше Горан Петрески, а него го наследи Захариески.
Спорт
Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Турција
Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам и хронометар трки, Елена Петрова (31), зазема учество на овогодинешното издание на Балканското првенство во друмски велосипедизам 2024 (Balkan Road Cycling Championship WE – ITT 2024), кое минатата недела се одржа во турскиот град Едрене.
Во силна конкуренција на учеснички од целиот регион, нашата претставничка успеа да ја заврши 25.3km долгата патека на одличното 3-то место, со задочнување од само 42 секунди зад првопласираната.
„Пресреќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со национален дрес гордо да застанам на подиумот во Едрене. Трката беше мошне захтевна, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 3 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и вистински мотив за трките кои следат.“ – додаде Елена Петрова веднаш по прогласувањето на победниците.
Спорт
Навивачите на Баерн го бојкотираат натпреварот со Шахтјор
Екипата на Баерн во четвртото коло од Лигата на шампионите во Германија ќе го пречека Шахтјор и наместо да има голема поддршка од своите навивачи, како што стојат работите, тие ќе отсуствуваат.
Баварците ќе му гостуваат на Шахтјор на стадионот на Шалке каде што се домаќини.
Навивачите на Баерн решија да го бојкотираат овој натпревар, но не поради политички или други причини, туку поради цената на билетите.
Цената на билетите за натпреварот во Гелзенкирхен се движи од 52 евра па нагоре, додека во Минхен најниската цена е само 19 евра.
Од Минхен сметаат дека е премногу и затоа се побуниле. Тие објавија кратко соопштение во кое се вели:
„Не дозволувајте да ве измамат и да го бојкотираjте го натпреварот против Шахтјор. За фер цени, и против поскапувања за топ мечеви“, се вели во соопштението.