Свет
Поддржувачите на Трамп: Подготвени сме, нема да дозволиме двапати да се крадат изборите

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, ја посети една од последните станици на предизборната турнеја, Северна Каролина. Таму се сретна со многу луѓе што имаат намера да гласаат за него, а повеќето од нив воопшто не се сомневаат во победата на Трамп.
Вики Вестбрук, 55-годишна мајка на пет деца и баба на два внука, изјавила дека Камала може да победи на изборите само со мамење, пренесува „Гардијан“. Таа изрази и уверување дека токму така Бајден победил на претходните избори поради што републиканците се бесни.
„Дојдовме до точка кога повеќе нема да го толерираме тоа. Републиканците нема да дозволат двапати да се крадат изборите“, рече Вестбрук. Тоа мислење го делат многумина, а во медиумите сè повеќе се слушаат оправдани стравувања за тоа што ќе се случи и како ќе реагираат републиканците доколку Камала навистина победи.
На прашањето дали ќе реагира бурно доколку не е задоволна од резултатите на изборите, Вики Вестбрук изјави дека не ја сака портокаловата боја и не може да си дозволи да оди во затвор со оглед на тоа што има деца. Сепак, таа е убедена дека меѓу нејзините политички истомисленици има многу луѓе што нема толку љубезно да го прифатат поразот на нивниот кандидат.
Со нив се согласува и самиот Трамп, кој вчера им порача на приврзаниците собрани во Пенсилванија дека и пред четири години не требало да ја напушти Белата куќа, туку, наместо тоа, реагирал на неправдата.
И другите собрани на митингот во Северна Каролина го делат мислењето на Вестбрук, па 38-годишниот Афроамериканец Седрик Пернес потврди за „Гардијан“ дека е убеден оти ќе има масовни немири и протести доколку Трамп загуби.
Очекувањата на републиканските гласачи се големи, а Трамп упорно тврди дека има голема предност на анкетите, иако медиумите со недели тврдат дека трката ќе биде тесна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Две девојчиња и нивната баба со часови заробени под урнатините во Мјанмар, ја снимиле агонијата низ која минале: таткото мислел дека се мртви

Снимките од последиците од разорниот земјотрес во Мјанмар ја откриваат агонијата што ја преживеа семејството заробено под урнатините на зградата.
На снимката се гледаат две девојчиња на возраст од 13 и 16 години и нивната раскрвавена баба во простор исполнет со урнатини по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар во петокот.
Тие останале заробени додека бегале од нивниот стан на шестиот кат во вториот по големина град во земјата, Мандалеј – во близина на епицентарот на земјотресот – и трчале кон скалите за итни случаи.
Таткото на девојчињата првично мислел дека неговите ќерки и мајка му починале и испратил апел на социјалните мрежи да се најдат нивните тела.
2 girls and their grandmother keep calm while trapped under rubble in the Myanmar earthquake. They've been rescued, but many are still missing.
My heart aches imagining their terror—the crushing weight, the desperate gasps for air during Myanmar's devastating earthquake. But… pic.twitter.com/QZTaybBTYj
— Yelisaveta Petrov (@YelisavetaPaUSA) March 31, 2025
За среќа, тие биле живи и ги грабнале телефоните пред да се урне зградата.
„Моите ќерки ги снимаа видеата мислејќи дека ако тие и нивната баба умрат, можеби ќе им се најдат телефоните и ќе ги видат нивните родители“, напишал таткото.
Тој рече дека дури слушнале и други луѓе заробени под нив во урнатините на зградата.
„Довикуваа одозгора и долу, но од надвор немаше звук. Како што поминуваа часовите, тие се обесхрабрија и се држеа за рака со својата баба плачејќи“, рече тој.
За среќа, по неколкучасовна драма, спасувачите успеале да ги пронајдат и со помош на чекан направиле мала дупка за да им обезбедат вода, но морале да одат да набават повеќе опрема.
Оставени на извесно време сами, девојките ги презеле работите во свои раце и со чекан направиле премин за нивното бегство.
„Сакаа да направат поголем отвор за баба, но големите камења беа претешки и двете сестри не можеа да ги поместат“, се вели во објавата на таткото.
Спасувачите се вратиле и успеале да ги спасат девојчињата. Нивната баба (75) се борела за воздух и не можела да помине низ отворот, но на крајот и таа била спасена.
По спасувањето, ќерките му откриле на својот татко што им се вртело низ глава.
„Во моментот кога се изгуби сета надеж, ја наведнав главата во знак на почит и благодарност до Буда што дозволи нашето семејство да преживее заедно“, му рекла неговата ќерка.
Свет
Полска уапси руски агент и ѝ го предаде на Украина

Полска ауспи руски агент и по барање на Службата за безбедност на Украина (СБУ) го екстрадира во Украина. Ова е прв ваков случај од почетокот на руската инвазија на Украина.
Украинските медиуми известуваат дека Кирил Молчанов е руски агент и „политички аналитичар“ од медиумскиот круг на Виктор Медведчук, украински олигарх и кум на Путин. Тој е обвинет за велепредавство.
Против него е поднесено обвинение, објави СБУ. Иако СБУ не го објави неговиот идентитет, полициски извор изјавил за украинските медиуми дека станува збор за Кирил Молчанов. Тој бил уапсен во Полска и сега е во еден од центрите за предсудски притвор во Киев. Ова е прв пат од почетокот на руската инвазија агент кој дејствувал против Украина во информативниот простор да биде екстрадиран по барање на СБУ.
Според документацијата од истрагата, Молчанов работел истовремено за две руски разузнавачки служби – ФСБ и Службата за надворешно разузнавање на Русија. По наредба на Русите, тој работел на дискредитација на Украина на меѓународно ниво и дестабилизација на внатрешната ситуација во партнерските земји на Украина.
Молчанов, исто така, бил чест гостин во емисиите на рускиот пропагандист Владимир Соловјов, против кого СБУ неодамна поднесе обвинение. Само во 2023 година, Молчанов учествувал во емисиите на Соловјов дури 35 пати, каде што ја оправдувал руската вооружена агресија и ширел лажни информации за ситуацијата во Украина.
Покрај тоа, тој организирал протести во земјите на Европската Унија во интерес на Кремљ, за време на кои повикал на повлекување на меѓународната поддршка за Украина.
Истражителите го товарат Молчанов за оправдување и негирање на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина, славејќи ги учесниците во оваа агресија. Тој се соочува со затворска казна од 12 години. Истрагата е во тек.
Европа
Од денеска на европските граѓани им треба еден документ за влез во Британија, позната цената на пропусницата

Европските граѓани кои патуваат во Обединетото Кралство од денеска ќе имаат потреба од дигитална пропусница за влез во земјата, што според британската влада ќе ја зајакне безбедноста на границите.
Електронското овластување за патување (ЕТА) може да се купи онлајн за 10 фунти (12 евра) во наредните денови, а од 9 април цената ќе се зголеми на 16 фунти (19 евра).
Дозволата ќе биде задолжителна за сите Европејци кои сакаат да ја посетат Велика Британија од 2 април, откако истата пропусница беше воведена во јануари за граѓаните на САД, Канада и други земји на кои не им е потребна виза.
Слична дозвола за влез во земјата имаат и САД.
„Со дигитализирање на системот за имиграција, го отвораме патот за бесконтактни гранични премини во ОК“, рече министерката за миграција Сема Малхотра претходно овој месец, кога беше отворена веб-страницата за првите апликации.
Таа додаде дека проширувањето на ЕТА во земјите ширум светот „ја зајакнува посветеноста за подобрување на безбедноста преку технологија и иновации“.
Документот дозволува посети до шест месеци и важи две години. Тоа е задолжително за сите патници, вклучително и малолетни и новороденчиња.
Пропусницата може да се добие од апликација за паметни телефони или од владината веб-страница и е достапна за Европејците од почетокот на март.
Почнувајќи од среда, граѓаните на околу триесет европски земји, вклучително и целата ЕУ со исклучок на Ирска, ќе треба да имаат електронска дозвола за влез во Обединетото Кралство, кое ја напушти ЕУ во 2020 година.
Апликантот мора да приложи фотографија од пасош и од лицето. Процесот трае околу десет минути, информираат од британското Министерство за внатрешни.
Во повеќето случаи, одлуката за апликацијата се носи во рок од неколку минути, но можно е да се чека и до три работни дена, велат од Владата.
Доколку апликацијата се обработи успешно, ЕТА е дигитално поврзана со пасошот на апликантот.
Патниците кои се префрлаат на аеродроми без да ја поминат границата со ОК се ослободени од оваа шема. Ова беше направено по притисокот од Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, кој стравуваше од губење на бројот на патници.
Има само два аеродрома во ОК со можност за поврзување без преминување на границата, Манчестер и Хитроу. Во 2024 година, речиси 84 милиони патници поминаа низ Хитроу, од кои една третина беа од ЕУ.
Програмата беше лансирана во 2023 година за Катар, а потоа се прошири во пет соседни земји од Персискиот Залив.
Во јануари, тој беше проширен на граѓаните на дополнителни педесет земји, вклучувајќи ги Аргентина, Јужна Кореја и Нов Зеланд.
До крајот на 2025 година, речиси 1,1 милион посетители ќе добијат ЕТА, според Министерството за внатрешни работи на Британија.
Не е потребна дозвола за луѓе со дозволи за престој во ОК или луѓе кои веќе имаат имиграциски статус во Кралството.