Свет
(Видео) Страв од нови жртви од поплавите во Валенсија: властите загрижени што ќе пронајдат во подземна гаража
Во тек е голема операција за пребарување на подземната гаража во најголемиот трговски центар во Валенсија, која може да собере 1.700 автомобили.
Во тек е масовна операција за пребарување во центарот откако подземниот паркинг остана потопен во смртоносните поплави – за кои многумина стравуваат дека сега стана масовна гробница со тела на стотици.
Imágenes de la inspección en el interior del aparcamiento del centro comercial https://t.co/xAIv0E72ip pic.twitter.com/4EZTd0YCZ5
— Policía Nacional (@policia) November 4, 2024
Околу 10.000 војници и полицајци се распоредени во регионот за да помогнат во потрагата откако нацијата беше погодена од најголемата природна катастрофа во последните децении, при што бројот на загинати се искачи на 217, додека уште 2.000 луѓе се водат како исчезнати.
Меѓу нив е и тим од специјализирани нуркачи, кои беа распоредени на поплавениот паркинг во трговскиот центар Бонаир, откако спасувачите открија стотици напуштени автомобили, пренесува Sky News.
Екипите за итни случаи користат чамци, роботи и нуркачи за да им помогнат додека испумпуваат вода од двокатниот паркинг и ја пребаруваат матната и темна вода за потенцијални преживеани.
Спасувач според тамошните медиуми, ја обвинил владата дека го минимизира бројот на загинати во поплавите откако шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција беа гаѓани со кал и предмети додека се обидуваа да ги посетат калливите улици на еден од најтешко погодените градови на периферијата на Валенсија во неделата.
Сцени на пустош се видени низ источна Шпанија откако поплавите ја погодија областа претходно оваа недела, при што гневните жители велат дека одговорот на шпанските власти на катастрофата бил премногу бавен.
„Испумпувањето на целиот паркинг ќе биде маратонска работа. Потрагата бара трпение, специјализирана опрема и издржливост. Сигурно ќе има мрачни откритија таму долу. Биле испратени нуркачки тимови, но засега им било кажано дека не можат да влезат во водата поради големи количества шут, нафта, дизел и којзнае уште што“.
Кристина Вано, форензичар, волонтира на терен и ги прегледува автомобилите расфрлани на подземните паркинзи.
Нејзината задача е да погледне внатре и да види дали може да го забележи телото. Ако не може, треба да го означи возилото од страна со лента во боја; ако може, треба да викне полиција. Таа ги чека првите возила да бидат извлечени од подземниот паркинг на Бонер и е подготвена за она што може да биде застрашувачко искуство.
„Паркингот има простор за 1.700 автомобили. Ни кажаа дека паркингот не е полн, но внатре сигурно имало многу автомобили. Проблемот е што многу луѓе се засолниле таму, па не знаеме што да очекуваме“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

