Свет
Властите на Филипините наредија евакуација на населението поради наближувањето тајфун
Властите на Филипините наредија евакуација, складирање храна и ставање на војската во состојба на готовност поради тајфунот Џинсинг бидејќи бурата се движи кон североисточните градови, што може да ги загрози во текот на неделата.
Центарот на тајфунот, со ветрови од 120 километри на час, се проценува на 590 километри од источниот град Балер во провинцијата Аурора, соопшти државната метеоролошка агенција, пренесува „Ројтерс“.
Локалните власти го повикаа населението од оддалечените населби да се евакуира предвреме бидејќи постои можност спасувачите да не може да стигнат до нив за време на бранот на невремето, наведува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина.
„Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори.
Од украинската страна дури беше подготвен и парафиран заемно прифатлив договор.
Меѓутоа, според советите од страната, кои подоцна ги потврдија и официјалните претставници на Украина, украинската страна го отфрли тој договор“, рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ, пренесе Риа Новости. Тој рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји.
„Русија е отворена за взаемно корисна соработка со сите земји без исклучок за принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право“, рече тој.
Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Путин рече дека Русија активно се обидува да спречи ескалација на палестинско-израелскиот конфликт во поголема војна.
Свет
Дмитриј Песков: Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер бидејќи стотици илјади Молдавци што живеат во Русија немаат право на глас, а на молдавските граѓани што живеат на Запад им било дозволено да гласаат.
„Тоа не може да не влијае на изборните резултати, кои во исто време не може да се сметаат за фер“, изјави Песков наведувајќи дека изборната кампања во Молдавија не може да се нарече демократска и фер, пренесе „Интерфакс“.
Песков истакна дека мнозинството Молдавци не гласале за Маја Санда, која беше реизбрана на претседателските избори во неделата, велејќи дека тоа го поткопува нејзиниот легитимитет.
Свет
Лавров: Почнати се процедурите за именување нов руски амбасадор во Америка
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека се почнати неопходните процедури за назначување нов руски амбасадор во Америка.
„И покрај длабоката криза во односите, Вашингтон сè уште не е подготвен да ги прекине. Доколку продолжи овој пристап, новиот руски амбасадор во САД ќе биде навремено назначен, неопходно е да се спроведат внатрешни процедури“, изјави Лавров, пренесува „РИА новости“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно го разреши Анатолиј Антонов од функцијата руски амбасадор во Соединетите Американски Држави.
Антонов е на чело на руската дипломатска мисија во САД од 2017 година, пренесува „Танјуг“.