Спорт
Гоце Седлоски се врати во Вардар
Фудбалскиот клуб Вардар објави дека поранешниот репрезентативец Гоце Седолски е именуван за тренер на првиот тим. Седлоски е четвртиот тренер од почеткот на сезоната во најтрофејниот македонски клуб. На клупата тој го наследи Срѓан Захариески кој вчера спогодбено се раздели со клубот.
Гоце Седлоски, вториот мандат на клупата на вардар ќе го започне викендов кога Вардар ќе игра против Шкупи. Седлоски, претходно ги предводеше црвено-црните од 2015 до 2017 година.
Седлоски се врати во Вардар во деликатен момент, тимот по 13 рунди се наоѓа на последното место на табелата со само осум бода.
Сезоната како тренер на Вардар ја започна Горазд Михаилов, кој замина од приватни причини, потоа на два натпревари тренер беше Горан Петрески, а него го наследи Захариески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал ќе го испрати Ендик на заем
Ендрик, бразилскиот вундеркинд, летово кога го прослави својот 18-ти роденден потпиша за Реал Мадрид.
Во досегашниот тек од сезоната не доби многу шанси да се наметна. Одигра само 67 минути во Лигата на шампионите и 40 минути во Ла Лига.
Карло АНчелоти не се сомнева во неговиот квалитет, но смета дека клубот треба да биде внимател со тинејџерот, кој неодамна стапи во брак.
Клубот ја планира иднината со Ендрик, а сметаат дека најдобро за него во овој момент е да замине на позајмица. Според медиумите во Мадрид, клубот му нуди можност во јануари да се пресели на позајмица во Тотенхем или Јувентус.
Спорт
Стефан Мелник од ШК Мулти есенс стигна до делба на шестото место на Светското првенство за слепи лица
Членот на ШК Мулти Есенс, Стефан Мелник, со делба на шестото место го заврши настапот на Светското индивидуално првенство во шах за слабовидни и слепи лица, во верзија на IBSA, кое се одржа од 25 октомври до 4 ноември во Петровац, Црна Гора.
Ова е прв настап за 16-годишниот младинец на ваквото Светско првенство, кое по третпат го организира Интернационалната спортска федерација на слепите, а кое се игра во сениорска конкуренција. На крајот првите три места ги освоија играчи кои во деветте кола прокнижија по седум бода, а меѓу нив беа и двајцата најсилни според рејтингот: ФИДЕ-мајсторот Иштван Золтан Замбо од Унгарија и ветеранот ИМ Предраг Никач од Црна Гора. Со 5,5 бода Стефан Мелник се доближи до водечката група и заврши на делба на шестото место.
Претходно, годинава во јуни, тој настапи на Европското првенство за слепи лица, во верзија на IBCA, кое се одржа во Романија, каде што се пласираше на делба на 10. – 18. место.
Со исклучителните постигнати резултати Стефан Мелник го потврдува својот шаховски талент и потенцијал, а воедно и континуираната работа со неговиот тренер, ВМ Трајко Недев, во последните две години ги дава посакуваните резултати.
– Овој настап ќе го паметам по пропуштените шанси. Се изборив за подобри позиции во два случаи, од кои првиот беше против ИМ Никач, кој потоа ги искористи моите непрецизности и успеа да освои цел поен, а во вториот случај партијата заврши со реми (со Французинот Јан Тевене). Бев најмладиот учесник на Првенството, а, според информациите што ги добив, подобро пласираните играчи биле од категоријата на слабовидни лица, за разлика од мене. Сепак, осознавајќи ја конкуренцијата, мислам дека во скоро време би можел да напредувам и да стигнам до борба за еден од медалите – вели Стефан во првата изјава по враќањето.
При овој настап младинецот од шаховската школа на ШК Алкалоид освои и нови 63 рејтинг-поени на листата на ФИДЕ, слично како и при настапот на Европското првенство, кога освои 131 рејтинг-поен. Со тоа неговиот вкупен рејтинг ќе ја надмине границата од 1900 и ќе го вброи рамо до рамо меѓу најуспешните играчи од тимот на ШК Мулти Есенс, за кој настапуваше минатата сезона во екипните натпревари и со кој заедно обезбеди пласман во највисокото екипно натпреварување во Македонија според рангирањето – Првата шаховска лига.
ПР текст
Спорт
Финалето во Мото ГП-шампионатот ќе се одржи Барселона
Последната трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП наместо во Валенсија, ќе се одржи на патеката Каталуња. Поради поплавите од минатата недела која однесе над 100 животи, ДОРНА реши да ја откаже трката на патеката „Рикардо Тормо“.
Трката ќе се одржи на патеката „Каталуња“ во првично предвидениот термин од 15 до 17 ноември.
Пред големото финале, возачот на Прамак Хорхе Мартин е на прагот да ја освои титулата, бидејќи има 24 бода повеќе од Бањаја. Во преостанатите две категории, веќе се познати шампионите, во Мото3 Давид Алонсо доминантно ја освои круната, додека во Mото2 шампион е Аи Огура.
Покрај последната трка во сезоната, патеката „Каталуња“ ќе биде и место за првиот тест за следната сезона, кој е закажан за 19 ноември.