Контакт

Свет

Лавров: Почнати се процедурите за именување нов руски амбасадор во Америка

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека се почнати неопходните процедури за назначување нов руски амбасадор во Америка.

dobivaj vesti na viber

„И покрај длабоката криза во односите, Вашингтон сè уште не е подготвен да ги прекине. Доколку продолжи овој пристап, новиот руски амбасадор во САД ќе биде навремено назначен, неопходно е да се спроведат внатрешни процедури“, изјави Лавров, пренесува „РИА новости“.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно го разреши Анатолиј Антонов од функцијата руски амбасадор во Соединетите Американски Држави.

Антонов е на чело на руската дипломатска мисија во САД од 2017 година, пренесува „Танјуг“.

Свет

(Видео) Шпанија со ново предупредување: хаос на аеродромот во Барселона поради поплави

Објавено пред

Барселона е под црвен метео аларм поради обилните врнежи кои предизвикаа поплави и ја прекинаа работата на аеродромот „Ел Прат“.

dobivaj vesti na viber

Водата се излеваше низ таванот на терминалот и ја поплави пистата, што предизвика бројни откажани и пренасочени летови. Социјалните мрежи се преполни со снимки од драматични сцени од аеродромот, додека Барселона станува последниот шпански град погоден од екстремните врнежи, пренесуваат локалните медиуми.

Обилните врнежи, кои започнаа вчераутро, доведоа до одложување и пренасочување на повеќето полетувања. Националната метеоролошка агенција на Шпанија (AEMET) прогласи „екстремна опасност поради обилните дождови“ и издаде предупредување: „Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно“.

Метеоролозите предупредуваат дека состојбата може да се влоши во текот на денот, а во регионот се очекуваат дополнителни врнежи, пишува Мирор.

Аеродромот во Барселона воведе кризен комитет за справување со ова временско нарушување.

Прикажи повеќе...

Свет

Во штабот на Трамп оценуваат дека излезноста ќе одлучува за исходот од изборите

Објавено пред

Најблиските соработници на кандидатот на Републиканската партија на денешните избори во Америка, Доналд Трамп, сметаат дека исходот од изборите ќе го одреди излезноста, пренесува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е она на што навистина се сведува и единственото нешто на што сме фокусирани во моментов“, изјави неименуван висок советник на Трамп за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во рамките на кампањата на Трамп се смета дека ова е „најсилниот циклус што Трамп го извел досега“, особено кога ќе се погледнат истражувањата на јавното мислење од 2016 и 2020 година.

„Чувствуваме дека сме во позиција кога ако излезат луѓе кои мислиме дека би гласале за Трамп, тој ќе победи“, рече советникот.

Како пример за предноста на Трамп во однос на кандидатот на Демократската партија Камала Харис, тој ја наведе анкетата на NBC News и Wall Street Journal за изборниот циклус во 2020 година, според која актуелниот претседател и тогашниот кандидат на демократите Џозеф Бајден го предводеше Трамп со околу 10 процентни поени.

Она што го загрижува штабот на Трамп, според Си-Ен-Ен, е тоа што сега има помал број гласачи кои се нарекуваат „тивки гласачи на Трамп“, кои донесоа потенцијално клучна предност во претходните два изборни циклуси, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

Британски амбасадор: На Западен Балкан му треба повеќе економија, а помалку политика

Објавено пред

Британскиот амбасадор Едвард Фергусон денеска во Белград изјави дека на Западен Балкан му треба повеќе економија, а помалку политика.

dobivaj vesti na viber

„Берлинскиот процес секогаш беше фокусиран на многу конкретни цели. Кога бев амбасадор во Сараево, поминавме многу време фокусирани на изградба на автопати. Се надеваме дека земјите од Западен Балкан бргу ќе влезат во унифициран платен систем“, рече тој на панелот „Преглед на достигнувањата и перспективите на Берлинскиот процес“.

Фергусон истакна дека во изминатите шест години нема напредок во трите договори за регионалната соработка и добрососедските односи, исчезнатите лица и воените злосторства.

Тој изјави дека в година се одбележуваат 30 години од Дејтонскиот договор, геноцидот во Сребреница и акцијата „Бура“ поради што е важно земјите од регионот да најдат заеднички јазик за да продолжат напред.

Тој посочи и дека Берлинскиот процес ја помага европската интеграција на регионот и дека фокусот е на практичните работи, кои имаат цел да го подобрат животот на граѓаните.

Германската амбасадорка Анке Конрад изјави дека патот кон членството во ЕУ е „многу предизвикувачки процес“.

„Затоа го поддржуваме Берлинскиот процес, што го олеснува патот, и со нетрпение го очекуваме периодот од следните 10 години бидејќи сакаме и во ЕУ тоа да се случи многу побргу“, рече таа.

Таа посочи дека Берлинскиот процес не е замена за членството во ЕУ, туку начин земјите кандидати да ги забрзаат своите реформи, да соработуваат и да го забрзаат европскиот пат со соработка на земјите кандидати во разни области и со поддршка на земјите членки на ЕУ.

Конрад рече дека прашањата од минатото се сè уште отворени и нема консензус и дека прашање е колку ќе биде потребно да се зборува за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Град Скопје за приватните превозници: Личните и партиските интереси се тактика на мнозинството во Советот предводен од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ а цената ја плаќаат граѓаните

По вчерашната прес-конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика...

Топ2 часа

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет...

Свет5 часа

Кога ќе го знаеме победникот на изборите во САД

Дојде денот на изборите во Америка. Демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп се во трка за претседател...

Македонија6 часа

„Кога Куманово гореше, Ахмети се чешлаше“, велат од „Влен“

„Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи.и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што се...

Регион7 часа

(Видео) „Крвави ви се рацете“: во Нови Сад беше закачен транспарент

Активисти на Движењето на слободните граѓани синоќа на големо бело платно на Градското собрание во Нови Сад закачија транспарент на...

Свет8 часа

(Видео) Во завршниот говор Трамп ги нападна Камала и Бајден: Ќе ја спасиме Америка

Трамп штотуку го заврши митингот во арената Ван Андел во Гранд Рапидс, Мичиген. Неговиот последен митинг донесе враќање на главните...

Свет8 часа

Шефот на НАТО: Ќе останеме обединети кој и да победи на американските избори

НАТО ќе остане обединет без разлика кој ќе победи на изборите во САД, изјави во Берлин генералниот секретар на алијансата,...

Свет9 часа

Палестинскиот претседател: Време е за прекин на огнот во Газа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека е време да се имплементира Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации,...

Свет9 часа

Северна Кореја лансира серија балистички ракети

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, објави началникот на Здружениот Генералштаб...

Свет10 часа

Камала Харис го одржа последниот митинг во Пенсилванија

Говорејќи на нејзиниот последен предизборен митинг во Филаделфија пред денот на изборите во понеделникот вечерта, потпретседателката Камала Харис рече дека...

Македонија18 часа

Земјотресот со епицентар во скопското подрачје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија19 часа

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија. Информацијата е објавена и на официјалната страна на ЕМСЦ. Земјотресот е почувствуван и кај дел...

Македонија21 час

Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, констатира Советот за безбедност

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана...

Македонија1 ден

Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координира акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во...

Македонија1 ден

Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните в година, за министерот за животна средина, Изет Меџити, се само трошок и губење...

Македонија1 ден

Венко Филипче: На Владата не ѝ оди, подготвени сме да одиме на предвремени избори

СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. Филипче беше прашан за понудата на...

Македонија1 ден

„Фронтот на Ахмети и Села е без компас“, велат од „Вреди“

„Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен...

Македонија1 ден

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник,...

Топ1 ден

Полицијата ги пронајде планинарите што се изгубија во Тетовско, лицата биле пренесени во болница

Вчера, во 22.10 часот, над село Пршовце, Тетовско, по преземените мерки и организираната потрага, полициски службеници од СВР Тетово во...

Регион1 ден

Млада кошаркарка ја загуби раката во страшната несреќа во Нови Сад: семејството се моли Ања да преживее

Студентката Ања Р.(23) од Параќин е тешко повредена при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Таа се...