Спорт
(Видео) Нејмар повторно се повреди
Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар изјави дека се надева дека нема долго да отсуствува откако повторно се повреди. Нејмар се повреди синоќа на натпреварот прптив Естегал кој Ал Хила го доби 3:0 со хет-трикот на Александар Митровиќч.
Нејмар го почна натпреварот од клупата и влезе во игра дури во второто полувреме, поточно во 58. минута, но поради повреда на мускулот беше заменет во 87. минута.
O momento que o Neymar sentiu…pic.twitter.com/RIdOXBxgSw
— Curiosidades Brasil (@CuriosidadesBRL) November 4, 2024
„Почувствував грч, голема болка, ќе направам прегледи и се надевам на најдоброто. Нормално е ова да се случи откако една година не играв, легарите ме предупредија и затоа морам да бидам внимателен и да имам поголема минутажа“, рече Бразилецот.
Бразилскиот фудбалер се врати на терените на 21 октомври на натпреварот меѓу Ал Хилал и Ал Аин во азиската Лига на шампиони по повеќе од една година пауза поради операција на коленото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Комити со јасен став: Седлоски не смее и нема да биде тренер на Вардар
Фото/ архива topsport
Навивачката група на Вардар „Комити“, се огласи на социјалните мрежи по повод одлуката Гоце Седлоски да биде новиот тренер на најтрофејниот македонски клуб.
Ставот на „Комити“ е дека „Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!“.
„СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!
Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!
Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!
Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!
Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!
КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!“
Инаку Седлоски беше во Вардар во периодот од 2015 до 2017 година, дојде на местото на Срѓан Захариески.
Спорт
Реал ќе го испрати Ендрик на позајмица
Ендрик, бразилскиот вундеркинд, летово кога го прослави својот 18-ти роденден потпиша за Реал Мадрид.
Во досегашниот тек од сезоната не доби многу шанси да се наметна. Одигра само 67 минути во Лигата на шампионите и 40 минути во Ла Лига.
Карло АНчелоти не се сомнева во неговиот квалитет, но смета дека клубот треба да биде внимател со тинејџерот, кој неодамна стапи во брак.
Клубот ја планира иднината со Ендрик, а сметаат дека најдобро за него во овој момент е да замине на позајмица. Според медиумите во Мадрид, клубот му нуди можност во јануари да се пресели на позајмица во Тотенхем или Јувентус.
Спорт
Стефан Мелник од ШК Мулти есенс стигна до делба на шестото место на Светското првенство за слепи лица
Членот на ШК Мулти Есенс, Стефан Мелник, со делба на шестото место го заврши настапот на Светското индивидуално првенство во шах за слабовидни и слепи лица, во верзија на IBSA, кое се одржа од 25 октомври до 4 ноември во Петровац, Црна Гора.
Ова е прв настап за 16-годишниот младинец на ваквото Светско првенство, кое по третпат го организира Интернационалната спортска федерација на слепите, а кое се игра во сениорска конкуренција. На крајот првите три места ги освоија играчи кои во деветте кола прокнижија по седум бода, а меѓу нив беа и двајцата најсилни според рејтингот: ФИДЕ-мајсторот Иштван Золтан Замбо од Унгарија и ветеранот ИМ Предраг Никач од Црна Гора. Со 5,5 бода Стефан Мелник се доближи до водечката група и заврши на делба на шестото место.
Претходно, годинава во јуни, тој настапи на Европското првенство за слепи лица, во верзија на IBCA, кое се одржа во Романија, каде што се пласираше на делба на 10. – 18. место.
Со исклучителните постигнати резултати Стефан Мелник го потврдува својот шаховски талент и потенцијал, а воедно и континуираната работа со неговиот тренер, ВМ Трајко Недев, во последните две години ги дава посакуваните резултати.
– Овој настап ќе го паметам по пропуштените шанси. Се изборив за подобри позиции во два случаи, од кои првиот беше против ИМ Никач, кој потоа ги искористи моите непрецизности и успеа да освои цел поен, а во вториот случај партијата заврши со реми (со Французинот Јан Тевене). Бев најмладиот учесник на Првенството, а, според информациите што ги добив, подобро пласираните играчи биле од категоријата на слабовидни лица, за разлика од мене. Сепак, осознавајќи ја конкуренцијата, мислам дека во скоро време би можел да напредувам и да стигнам до борба за еден од медалите – вели Стефан во првата изјава по враќањето.
При овој настап младинецот од шаховската школа на ШК Алкалоид освои и нови 63 рејтинг-поени на листата на ФИДЕ, слично како и при настапот на Европското првенство, кога освои 131 рејтинг-поен. Со тоа неговиот вкупен рејтинг ќе ја надмине границата од 1900 и ќе го вброи рамо до рамо меѓу најуспешните играчи од тимот на ШК Мулти Есенс, за кој настапуваше минатата сезона во екипните натпревари и со кој заедно обезбеди пласман во највисокото екипно натпреварување во Македонија според рангирањето – Првата шаховска лига.
ПР текст