Свет
Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот, пренесува Фокс Њуз
Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот, според проекциите на Фокс њуз објавени рано утрово.
Во вторникот се одржаа претседателски избори во САД, како и избори за Претставничкиот дом и за третина од местата во Сенатот.
Републиканците освоија мнозинство во Горниот дом откако ги заменија местата на демократите од Западна Вирџинија и Охајо.
Засега, ниту една партија се чини дека нема јасна предност во битката за контрола на Претставничкиот дом, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.
Досега во Сенатот, кој има вкупно 100 места, демократите имаа тесно мнозинство од 51 спрема 49.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху му честиташе на Трамп: Нов почеток за големиот сојуз на Израел и Америка
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Доналд Трамп за изборната победа.
„Почитувани Доналд и Меланија Трамп,
Честитки за најголемиот камбек во историјата!
Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и обновена посветеност на големиот сојуз меѓу Израел и Америка. Ова е голема победа!
Вашите Бенјамин и Сара Нетанјаху“, напиша Нетанјаху на X.
Регион
Додик: Победата на Трамп симболизира враќање на вредностите што ги негуваме
Милорад Додик му упати честитка на Доналд Трамп:
„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа со надеж дека неговиот мандат ќе донесе освежен поглед на САД за односите со Босна и Херцеговина. Ова е можност за Америка да покаже дека ја почитува различноста“, рече тој.
Доналду Трампу @realDonaldTrump упућујем срдачне честитке на побједи и надам се да ће његов нови мандат донијети освјежену визију односа Сједињених Држава према свијету и БиХ. Ово је прилика да Америка покаже да поштује различитости и да своју снагу усмјери ка сарадњи и… pic.twitter.com/f5eNfwVVUr
— Милорад Додик (@MiloradDodik) November 6, 2024
„За Република Српска и мене, победата на Трамп го симболизира враќањето на вредностите кои ги негуваме – семејството, слободата на избор и правото да ги зачуваме нашите традиции. Во променливиот свет каде што поединците и државите често ги забораваат своите корени, гледам во лидерство можност за поинаков и поправеден пристап“, рече Додик.
Свет
Медведев за победата на Трамп: Тој смртно презира да троши пари на идиотски сојузници, Украина е во иста линија
Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Трамп има една карактеристика што ни користи: како бизнисмен во душата, тој смртно презира да троши пари на разни лижачи и паразити – на идиотски сојузници, лоши добротворни проекти и алчни меѓународни организации. Токсичната Украина е во иста линија“, напиша тој на каналот Телеграм.