Свет
Адвокат од Њујорк: Ако победи Трамп, Украина е готова
Адвокат со хрватско потекло Џон Краљиќ во Њујорк ги коментираше американските избори за Н1.
Краљиќ, кој вели дека во текот на кариерата имал деловни контакти со Доналд Трамп, не се двоумел за неговиот глас.
„Не ми беше тешко да одлучам за кого да гласам. Трамп не е чесен бизнисмен; тоа нема никаква врска со неговата политичка определба. Тој едноставно не е добар човек“, рече тој.
Тој, исто така, ја истакна важноста од поддршката на Украина во овој момент. „Ако Трамп победи, Украина е завршена. Харис ќе ја продолжи политиката на поддршка на демократијата, така што за мене немаше сомнеж“, рече Краљиќ.
Коментирајќи го повлекувањето на Џо Бајден од трката, Краљиќ истакна дека, според него, тоа е неопходна одлука. „Да останеше Бајден, Трамп ќе победеше. Неговото повлекување отвори вистинска трка“, рече тој.
Како заклучок, Краљиќ изрази скептицизам кон ветувањата на Трамп. „Знаеме дека Трамп ветува многу и на крајот не исполнува многу“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Свет
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради закана од напад
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади.
„Блумберг“ пренесува дека овој потег доаѓа откако Москва вчера лансира експериментална балистичка ракета со среден дострел кон Украина.
Како што најавија надлежните, пленарната седница ќе продолжи следната недела.
Украина објави дека Русија вчера лансирала нов тип балистичка ракета кон градот Днипро како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до западните поддржувачи на Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел лансирала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да ѝ се спротивстават.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.