Свет
Маск: Иднината ќе биде фантастична
Според сегашните резултати од претседателските избори во САД, Доналд Трамп има 265 електори.
Фокс Њуз наведува дека според нивните проекции, Доналд Трамп ќе биде 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.
The future is gonna be fantastic pic.twitter.com/I46tFsHxs3
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2024
„Иднината ќе биде фантастична“, напиша мултимилијардерот Илон Маск на Икс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и мобилизација
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги потпиша законите за продолжување на воената состојба во Украина и за продолжување на рокот за општа мобилизација до 7 февруари следната година, се наведува на веб-страницата на парламентот.
Забележано е дека двата закони се вратени со потпис на претседателот во собраниска процедура, пренесе „Униан“.
На 23 јули, Врховниот труд на Украина гласаше за продолжување на воената состојба и општата мобилизација до 9 ноември.
Радата на 29 октомври го поддржа продолжувањето на вонредната состојба во Украина за 90 дена.
Ова според написите е веќе 13-то гласање во украинскиот парламент за продолжување на вонредната состојба и мобилизација од почетокот на војната во февруари 2022 година.
Свет
Ќе видиме дали ќе сопре војната како што вети: Хамас за новиот претседател на САД
Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри изјави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој денеска прогласи победа на претседателските избори во САД, ќе биде тестиран на неговите изјави дека може да ја запре војната во Газа за неколку часа по преземањето на функцијата.
– Го покануваме Трамп да научи од грешките на претседателот Џозеф Бајден – изјави Абу Зухри за Ројтерс.
Доналд Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД.
Тој му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека сака Израел да ја заврши војната во Појасот Газа додека тој се врати на функцијата доколку победи на изборите, објави „Тајмс оф Израел“ минатиот месец, цитирајќи поранешен функционер од администрацијата на Трамп и израелски функционер.
Светските медиумим потсетуваат дека израелската армија пред неколку дена објави дека е убиен еден од последните високи функционери на Хамас, Иза ал-Дин Касаб, пренесува Танјуг.
Убиството на Иза ал-Дин Касаб го потврдија израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет, наведувајќи дека тој бил убиен во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.
Касаб беше еден од последните преостанати членови на политичкото биро на Хамас, каде што беше шеф на националните односи.
Според ИДФ, тој бил одговорен за координација меѓу Хамас и другите терористички групи во Газа.
– Касаб беше значаен извор на моќ и, врз основа на неговата улога, беше одговорен за стратешките и воените односи на организацијата со другите фракции во Појасот Газа. Тој имаше овластување да го насочува извршувањето на терористичките напади против државата Израел – се наведува во соопштението на ИДФ.
Според соопштението на ИДФ, во нападот бил убиен и помошникот на Касаб, Ајман Аџеш.
Регион
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп: Република Српска слави
Република Српска ја слави историската победа и враќањето во Белата куќа на Доналд Трамп, кој прогласи изборна победа на претседателските избори во САД.
Во оваа пригода голем број граѓани се собраа пред Палатата на Републиката во Бања Лука и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, приреди коктел.
По повод победата на Трамп, Додик изјави дека денеска е многу важен ден за земјата и дека тоа придонело американското знаме повторно да биде во Палатата.