Свет
(Видео) Венс: Ова е најголемото политичко враќање на сите времиња

Џеј-Ди Венс излезе на сцената во Вест Палм Бич, Флорида. Тој веднаш му оддаде признание на Доналд Трамп, заблагодарувајќи му се за можноста да му биде потпретседател.
„Мислам дека штотуку бевме сведоци на најголемото политичко враќање во историјата на Соединетите Американски Држави“, вели тој.
„Под водство на претседателот Трамп, никогаш нема да престанеме да се бориме за вас, за вашите соништа, за иднината на вашите деца. И по најголемиот политички камбек во американската историја, ќе го водиме најголемиот економски камбек во американската историја – под раководството на Доналд Трамп“, рече Венс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сјарто: Украина не припаѓа на цивилизираните земји

Украина нема место во Европската Унија, бидејќи не припаѓа на цивилизираните земји, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во врска со одбивањето на украинските власти да го истражат убиството на Унгарецот Јожеф Шебестјен од украинскиот регион Закарпатска за време на присилна мобилизација.
„Во Украина, присилното повикување на воена служба е државен инструмент. Таква земја нема место во Европската Унија и не припаѓа на цивилизираните земји“, рече Сијарто во емисијата „Воинствениот час“ на YouTube платформата, пренесува Спутник.
Според министерот, доколку нешто слично се случеше во нормална и цивилизирана земја, виновниците одамна ќе беа казнети.
Раководството на Европската Унија молчи и во врска со убиството на 45-годишен жител на градот Берегово, кој, покрај украинското, имаше и унгарско државјанство, рече Сијарто.
„На овој начин, Брисел признава дека го поддржува и одобрува ова, како и дека сето ова се случува со негова премолчена согласност и тивка поддршка“, додаде Сијарто.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Русија нападна гасен објект во Одеса, сакаат да нè загрозат пред зимата

Русија нападна гасен објект во јужна Украина во регионот Одеса поткопувајќи ги подготовките за зимата, изјави денес претседателот Володимир Зеленски.
Тој рече дека гасната инфраструктура била нападната во селото Новосилске на границата со Романија, каде што се наоѓа интерконекторот „Орловка“, преку кој Украина добива гас преку трансбалканската рута.
„Ова беше намерен удар врз нашите подготовки за грејната сезона, апсолутно циничен како и секој руски удар врз енергетскиот сектор“, напиша Зеленски на „Телеграм“.
Украина се соочува со сериозен недостиг на гас по серијата разорни руски ракетни напади оваа година, кои значително го намалија домашното производство на гас.
Русија негира дека таргетирала цивили од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина, но тврди дека инфраструктурата, како што се енергетските системи, е легитимна цел бидејќи помага во воените напори на Украина, анализираат медиумите.
Порано денес, гувернерот на јужниот регион Одеса пријави напад врз гасната инфраструктура и главниот гасовод велејќи дека се работи на пумпање гас од гасоводот. Украинските енергетски претставници не кажаа дали интерконекторот е оштетен и дали гасот ќе продолжи да тече.
Фото: принтскрин
Свет
Путин се сретна со Виткоф

Рускиот претседател Владимир Путин денес го прими специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф.
Средбата се одржува во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател, пренесува ТАСС.
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, каде што го пречека генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFDIF), Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот Зарјадје во Москва.
Двајцата функционери поминаа околу час и половина во ресторанот, по што прошетаа во паркот, ја посетија платформата за набљудување и ја разгледаа панорамата на Москва, пренесува Риа Новости.
Според извештајот, тие разговарале во „пријателска атмосфера“, со присуство на обезбедување.
Виткоф не одговори на прашањата на новинарите за претстојните преговори, ниту за планираните средби.
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, потврди дека Виткоф ќе ја посети Русија, но не коментираше конкретни детали од посетата.
Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.
Последните две посети беа на 11 и 25 април, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Фото: принтскрин