Спорт
Денвер неколку недели без Гордон
Американскиот кошаркар и член на Денвер Нагетс, Арон Гордон ќе отсуствува неколку недели поради повреда.
Според добро информираниот Шамс Чаранија од ESPN, Гордон ќе пропушти неколку недели поради истегнување на листот на десната нога.
Денвер моментално е на деветтото место на Западот со четири победи и три порази. Нагетс имаа лош почеток на сезоната, но сега се во серија од три победи.
Гордон ги одигра сите седум натпревари оваа сезона, каде што имаше просек од 15,4 поени со 6,7 скока и 3,1 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арсенал на „Џузепе Меаца“, Барса во Белград, Баерн домаќин на Бенфика
Вечерва ќе биде комплетирано четвртото коло во Лигата на шампионите. Синоќа колото го обележаа тешките порази на Реал во Мадрид од Милан (1:3), Баер Леверкузен од Ливерпул на „Енфилд“ (4:0) и Манчестер сити во Лисабон од Спортинг (4:1).
Вечерва централно место ќе има дуелот меѓу Интер и Арсенал на „Џузепе Меаца“ во Милано, како и пресметката на поранешните европски шампиони Баерн и Бенфика во Минхен.
За фудбалските фанови во регионот интересно е и гостувањето на Барселона во Белград кај Црвена звезда.
Лига шампиони 4.коло, Среда:
Клуб Бриж – Астон Вила 18.45
Шахтјор – Јанг Бојс 18.45
Црвена звезда-Барселона 21.00
Интер – Арсенал 21.00
ПСЖ – Атлетико Мадрид 21.00
Баерн – Бенфика 21.00
Штутгарт – Аталанта 21.00
Спарта – Брест 21.00
Феенорд – Салцбург 21.00
Вторник:
ПСВ – Џирона 3:0 (2:0)
/Фламинго 16, Тилман 33, Бакајоко 83/
Слован – Динамо 1:4 (1:2)
/Стрелец 5 – Шпикиќ 10, Сучиќ 30, Куленовиќ 54, 72/
Реал Мадрид – Милан 1:3 (1:2)
/Винисиус 23 пен.- Чау 12, Мората 39, Рајндерс 73/
Ливерпул – Леверкузен 4:0 (0:0)
/Дијаз 61, 83, 90+2 Гакпо 63/
Спортинг – Манчестер сити 4:1 (1:1)
/Џокерес 38, 49пен, 80пен, Араухо 46 – Фоден 4/
Болоња – Монако 0:1 (0:0)
/Керер 86/
Лил – Јувентус 1:1 (1:0)
/Давид 27 – Влаховиќ 60 пен./
Селтик – Лајпциг 3:1 (2:1)
/Кун 35, 45+1, Хате 72 – Баумгартнер 23/
Дортмунд – Штурм 1:0 (0:0)
/Мален 85/
Спорт
Хумелс, по само шест месеци, ќе ја напушти Рома
Матс Хумелс (35) би можел да ја напушти Рома во зимскиот преоден рок, објави италијанскиот инсајдер Николо Шира. Да потсетиме, искусниот германски стопер летово потпиша едногодишен договор со Рома како слободен играч, но досега одигра само 23 минути во тешкиот пораз од Фиорентина (5:1).
Римјаните преживуваат хаотични месеци. Откако во средината на септември беше тренерот Даниеле Де Роси, него го наследи Иван Јуриќ.
Сепак, италијанските медиуми пишуваа дека челниците на Рома, семејството Фридкин не се задоволни од хрватскиот тренер. Има четири победи и пораз на десет меча, а работата му е сигурна до репрезентативната пауза кон средината на ноември.
Поради сето ова, Хумелс е „закован“ на клупата, иако пред неколку месеци одби понуди на. десетина клубови од Англија, Германија, Португалија, Саудиска Арабија… Конкретно медиумите тврдеа дека го посакуваат клубови како Баер Леверкузен, Ајакс, Вест Хем, Реал Сосиедад, Спортинг, Болоња, Мајорка и клубови од Саудиска Арабија.
Тој им се заблагодари на сите, а според италијански извори, Рома го привлекол повикот на Де Роси, кој му објаснил колку е важен за неговиот проект. Де Роси сега го нема, а доколку се точни информациите на Шира, наскоро ќе го нема и Хумелс.
На прашањето зошто Хумелс не игра, Јуриќ објасни дека предност на неговата позиција има 25-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Еван Ндика.
„Според мене, тие се двајца играчи за исто место во тимот и во моментов ми се чини дека нашата одбрана добро се држи. Ндика игра добро и има предност пред Хумелс, но Хумелс е голем професионалец и ќе ја добие својата шанса“, изјави Јуриќ.
Спорт
Милевски повика двајца дебитанти за дуелите со Летонија и Фарските Острови
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Летонија (14. ноември) и против Фарски Острови (17. ноември) од Лига на нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонската репрезентација по четири круга во групата од Лига на Нации е на првото место со 10 освоени бода. Математички еден бод од овие два натпревари ќе и го обезбедат првото место на Македонија што значи и пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча има двајца дебитанти, голманот Марко Алчевски од Хапоел Ерусалим и дефанзивецот од Домжале, Бехар Фета.