Спорт
Мијатовиќ: Жал ми е за Реал, Анчелоти нема тим во рацете

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, го коментираше синоќешниот дебакл на „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите. Реал на домашен терен загуби од Милан (1:3). Ова е втор натпревар на кој Реал прими најмалку три гола, претходно загуби 0:4 во дербито од Барселона. По четири рунди Реал има скор од две победи и два порази.
“Ми беше жал за Реал. Реал Мадрид минува низ многу во моментов… Мојот впечаток е дека тимот му се лизна од рацете на Анчелоти. Со промените кои ги направи, тој практично не знаеше од каде да почне со тимот или како тимот треба да реагира за да се обиде да се врати. Карло направи промени со цел да ја подобри играта, но тие не беа многу добри“, изјави Мијатовиќ за Радио Кадена Сер.
Мијатовиќ беше дел од клубот од Мадрид како играч од 1996 до 1999 година, а зборуваше и за немањето амбиција како потенцијална причина за лошите резултати.
„После две-три одлични години, со се што освои, тимот малку се опушти. Тоа е јасно. Не знам дали Анчелоти има способност да реагира. Не знам дали има способност да ја рестартира целата ситуација. Мислам дека има многу играчи кои не се среќни. Играат помалку него што мислеа дека ќе играат…Постои ситуација која ме загрижува. Анчелоти не може да им каже: „морате да го правите она што јас ќе ви кажам“. Тој сега слуша премногу мислења. Не е во истата позиција во која што беше изминатите години“, рече Мијатовиќ.
Реал во следното коло го очекува уште еден тежок натпревар, ќе гостува кај Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Коман пристигна кај Кристијано Роналдо

Поранешниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е нов играч на Ал Наср, објави клубот од Саудиска Арабија.
Коман (29) потпиша тригодишен договор со Ал Наср, а клубот не ја наведе вредноста на трансферот.
Францускиот крилен напаѓач пристигна во Баерн во август 2015 година, а оттогаш одигра вкупно 339 натпревари и постигна 72 гола за германскиот клуб.
Тој освои вкупно 20 трофеи со Баерн, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите, а претходно во кариерата играше и за Јувентус и Пари Сен Жермен.
Со француската репрезентација, за која одигра вкупно 58 натпревари, освои сребрени медали на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во Катар.
Фото/ ФК Ал Наср
Спорт
Артета: Ако продолжиш да копаш, еден ден ќе најдеш злато

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја освои титулата пред почетокот на новата сезона.
Лондонските „топџии“ завршија на табелата, три пати во претходните три сезони. Прво, двапати беа зад Манчестер сити, а минатата сезона зад Ливерпул.
„Ако веруваш во она што го работиш, еден ден ќе ја постигнеш својата цел. Може да биде и фигуративно: Ако продолжиш да копаш и си упорен, еден ден ќе стигнеш до златото. Тоа е она што ме учеа целиот мој живот“, рече шпанскиот тренер и додаде:
„Ако ја погледнете математиката, собравме повеќе бодови од кој било друг тим во лигата во последните три сезони, а тоа многу зборува за нашата конзистентност. Сега треба да го направиме тоа во една сезона“, рече Микел Артета, пренесува Би-Би-Си.
Тимот на Арсенал во првото коло ќе го одигра дербито поротив Манчестер јунајтед. Натпреварот на „Олд Трафорд“ во Манчестер се игра в недела од 17.30 часот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Салах плачеше на крајот од натпреварот

Мохамед Салах не можеше да ги скрие своите емоции по победата на Ливерпул над Борнмут (4:2) во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната минута, сè беше посветено на Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа.
Неговиот голем пријател и долгогодишен соиграч во Ливерпул, Салах не можеше лесно да се избори со своите емоции.
Тоа можеше да се види во текот на целиот натпревар, а на крајот постигна гол и му го посвети на Жота, го прослави како што некогаш правеше Португалецот.
На крајот од натпреварот, тој се расплака.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025