Македонија
Ахмети му ја честита изборната победа на Трамп: Уверен сум дека американскиот фокус на Балканот ќе биде силен за конечно да се решат отворените прашања
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитки до американскиот народ и 47 претседател на Соединетите Американски Држави.
„Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет.
Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон.
Му честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор и го споделувам уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа“, пишува Ахмети
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Платите во основното и во средното образовани ќе бидат повисоки од овој месец, до 2028 ќе бидат зголемени минимум 46 проценти
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече:
„Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образовани да биде повисока за 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 25-та, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 26-та, 7,5 до 10 проценти во зависност од кондицијата на Буџетот. Април за март практично 2027 повторно 7,5 до 10 проценти и веќе април 28-ма за март 28-ма од 10 до 12,5 проценти. Така што минимум во овој дијапазон временски платата ќе биде просечна, во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 проценти што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво. Дали е доволно, не е доволно. Но, тоа е во рамките на нашите можности, бидејќи во моментот ако е просечната плата во државата повеќе од 41.000 денари, во образованието таа е 9.000 денари помалку, околу 32.000 денари“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
Македонија
СДСМ: Тошковски да поднесе кривична и за Митревски, кој не плаќа патарини
По примерот на кривичната пријава поднесена против началник од Кочани, Тошковски и МВР треба да поднесат кривична пријава и против Миланчо Митревски, велат од СДСМ.
„Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини.
Нека покаже Тошковски ист приницип, што чека?
Дали и раководителот Ванчо Милевски кој исто така не плаќа патарини ќе добие Кривична пријава од Тошковски?
Или законите не важат за партиските кадри на ДПМНЕ на патарините?“ – велат од СДСМ.
Македонија
Казни од камерите на улиците Тошковски очекува в година: Би бил пресреќен да биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен
Казни за прекршоците што ќе ги регистрираат камерите поставени на улиците ќе има од следната година. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и покрај најавите дека камерите ќе почнат да функционираат до крајот на годината во рамките на проектот „Безбеден град“, денес извести дека најоптимистички камерите би можеле да бидат ставени во функција од јануари.
„Да речеме дека сè уште немаме целосна покриеност со технички уреди, односно камери на територијата на град Скопје, како што е утврдено во рамките на проектната документација. Колку порано би можело да се имплементира овој проект, толку би било подобро за сите нас имајќи предвид дека жртви на сообраќајни незгоди на годишно ниво во Македонија имаме со трицифрен број и тоа е страшно. Реалноста е таква каква што е. Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат точните чекори за на крајот на денот да имаме систем што ќе го казни секој оној шот управува моторно возило спротивно на законот исклучувајќи го човечкиот фактор во рамките на целокупната постапка од аспект на носење одлука дали треба или не треба да биде казнет. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект. Јас би бил пресреќен да биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен“, рече министерот Тошковски по денешната конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“.
При пробното пуштање во употреба годинава камерите регистрираа и по 5.000 прекршоци за само два часа. Министерот Тошковски вели дека ваквите бројки се страшни и уверува дека откога ќе бидат пуштени во употреба, десеткратно ќе се намали тој број оти граѓаните ќе знаат дека има систем што ќе ја казни секоја грешка.