Спорт
Играч на Хал суспендиран поради допинг
Фудбалерот на Хал Сити, Оскар Замбрано е суспендиран поради прекршување на антидопинг правилата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).
Замбрано и неговите адвокати ќе се жалат на одлуката, се наведува на веб-страницата на Хал Сити.
Замбрано (20) во август годинава дојде во Хал Сити како позајмен од еквадорскиот ЛДУ Кито, а оттогаш одигра осум натпревари и постигна еден гол за англискиот клуб.
„ЛДУ Кито ќе продолжи да го поддржува играчот во овој случај и убедени сме дека тоа ќе биде решено на најдобар начин“, се вели во соопштението на еквадорскиот клуб.
Хал Сити, кој стигна до финалето на ФА Купот во 2014 година, се наоѓа на 15. место на табелата во англиското првенство со 15 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мотли е слободен играч, го раскина договорот со Хапоел
Џонатан Мотли го раскина договорот и повеќе не е играч на Хапоел Тел Авив.
Оваа вест ја објави „Баскетњуз“, кој напиша дека 29-годишниот Американец сега е слободен агент.
За Мотили се интересираат евролигашките клубови, а во преден план е Црвена звезда, иако црвено-белите демантираат каков било контакт со одличниот центар.
Мотли имаше просек од 17,5 поени, шест скока и 2,8 асистенции со рејтинг од 21,3 во Еврокупот оваа сезона.
Пред да дојде во Хапоел, Американецот мина две сезони во турски Фенербахче, а претходно играше за Локомотив Кубањ.
Спорт
Менди на суд добил дел од бараните пари од Манчестер сити
Откако во вторникот загуби од Спортинг во Лисабон со 1:4 (0:2), Манчестер сити ден подоцна загуби на суд, овојпат од поранешниот лев бек на „граѓаните“ Бенџамин Менди.
Познато е дека против 30-годишниот Французин се водеше долготрајна кривична постапка по обвинение за силување, од која на крајот беше ослободен.
Поранешниот француски репрезентативец, дел од ростерот кој го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, одлучи да покрене постапка против Сити, барајќи неисплатени плати со камата, откако англискиот шампион го тргна од списокот за плати.
Менди процени дека Сити му должи 11,5 милиони фунти неисплатени плати меѓу септември 2021 и јуни 2023 година.
Стопанскиот суд во Манчестер имаше јурисдикција над случајот, а судијата Џоан Данлоп пресуди дека Менди „ќе има право на дел, но не на целата сума“.
Менди пред судот се пожали дека Сити му ускратил плата иако бил со некои од неговите соиграчи на спортски забави, но исто така додаде дека Рахим Стерлинг, Бернардо Силва и Ријад Марез му праќале пари за да може да ги плати судските трошоци и да му помогне на семејството.
Претходно, Менди мораше да ја продаде вилата во Чершир за да ги покрие трошоците за судскиот спор, сметките и издршката за децата.
Спорт
Арсенал на „Џузепе Меаца“, Барса во Белград, Баерн домаќин на Бенфика
Вечерва ќе биде комплетирано четвртото коло во Лигата на шампионите. Синоќа колото го обележаа тешките порази на Реал во Мадрид од Милан (1:3), Баер Леверкузен од Ливерпул на „Енфилд“ (4:0) и Манчестер сити во Лисабон од Спортинг (4:1).
Вечерва централно место ќе има дуелот меѓу Интер и Арсенал на „Џузепе Меаца“ во Милано, како и пресметката на поранешните европски шампиони Баерн и Бенфика во Минхен.
За фудбалските фанови во регионот интересно е и гостувањето на Барселона во Белград кај Црвена звезда.
Лига шампиони 4.коло, Среда:
Клуб Бриж – Астон Вила 18.45
Шахтјор – Јанг Бојс 18.45
Црвена звезда-Барселона 21.00
Интер – Арсенал 21.00
ПСЖ – Атлетико Мадрид 21.00
Баерн – Бенфика 21.00
Штутгарт – Аталанта 21.00
Спарта – Брест 21.00
Феенорд – Салцбург 21.00
Вторник:
ПСВ – Џирона 3:0 (2:0)
/Фламинго 16, Тилман 33, Бакајоко 83/
Слован – Динамо 1:4 (1:2)
/Стрелец 5 – Шпикиќ 10, Сучиќ 30, Куленовиќ 54, 72/
Реал Мадрид – Милан 1:3 (1:2)
/Винисиус 23 пен.- Чау 12, Мората 39, Рајндерс 73/
Ливерпул – Леверкузен 4:0 (0:0)
/Дијаз 61, 83, 90+2 Гакпо 63/
Спортинг – Манчестер сити 4:1 (1:1)
/Џокерес 38, 49пен, 80пен, Араухо 46 – Фоден 4/
Болоња – Монако 0:1 (0:0)
/Керер 86/
Лил – Јувентус 1:1 (1:0)
/Давид 27 – Влаховиќ 60 пен./
Селтик – Лајпциг 3:1 (2:1)
/Кун 35, 45+1, Хате 72 – Баумгартнер 23/
Дортмунд – Штурм 1:0 (0:0)
/Мален 85/