Македонија
„Вреди“: ДУИ фатени во тесно, правдата ќе ве следи до глувчешка дупка
Очигледно Арбр Адеми решил да излезе од дувлото. Секогаш кога се во тесно, од ДУИ ги вадат истите марионети за да го замајуваат народот со своите стари игри. Опозицијата ги еродира. Почнуваат да бидат параноични, реагираат од ВРЕДИ.
„Смешните пресови покажуваат дека Артан и Прпарим се исплашени дека ќе одговараат за малверзациите во Лотарија и затоа ги пуштат прво Блерим, а сега Арбр да обвинуваат за наводни криминалии кој се направени кога
Ахмети беше во коалиција со Груевски и Мијалков. Кога Блерим и Арбр обвинуваат за дилови со српско-бугарски фирми всушност зборуваат за диловите на Артан и Прпарим со српското и бугарското коцкарско подземје кои ВРЕДИ со автентичното толкување им го прекина приливот на пари кој ги примиле редовно.
Коалицијата ВРЕДИ има План за справување со штетните последици од коцкањето, кој веќе се спроведува“, нагласуваат од коалицијата.
Благодарение на тој план, како шт велат, коцката е тргната од домовите на граѓаните со затворање на четири компании на кои Артан и Прпарим неосновано им издале лиценци за интернет коцкарници.
„Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија, правосудна одговорност за сите кое се огрешиле пред законите и нов Закон за игри на среќа кој ќе го намали бројот на коцкарници, минимум за половина.
ВРеди ќе ја искорени коцката инсталирана од Артани и Прпарим. Ова лошо семе што го посадивте ќе ве следи уште долго, затоа што народот не заборава.
Додека ДУИ си играше со судбината на Албанците, ВРЕДИ работи на обезбедување благосостојба на сите граѓани“, потенцираат од коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

