Македонија
Ѓорѓиевски: После половина век, нов асфалт добива улицата 1438 во Пинтија
Со голема динамика се одвива инфраструктурната обнова на општина Кисела Вода. Во Пинтија, во моментов после 50 години нов асфалт добива улицата “1438” на површина од околу 2000м2. Само годинава, во ова населба досега се асфалтираат улици во должина од над 3000 метри или за овие три години, околу 5400 метри.
-После половина век нов асфалт добива улицата 1438 во Пинтија! Со засилено темпо се одвива обновата на Кисела Вода. Во овој момент, се работи на улицата “1438” во Пинтија на површина од 2000m2, која повеќе од пет децении не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања. Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро. Продолжуваме во сите урбани и месни заедници. Мојот народ заслужува-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

