Свет
Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општата мобилизацијата
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги потпиша законите за продолжување на воената состојба во Украина и за продолжување на рокот за општа мобилизација до 7 февруари следната година, се наведува на веб-страницата на парламентот.
Забележано е дека двата закона се вратени со потпис на претседателот во собраниска процедура, пренесе „Унијан“.
На 23 јули Врховниот труд на Украина гласаше за продолжување на воената состојба и општата мобилизација до 9 ноември.
Радата на 29 октомври го поддржа продолжувањето на вонредната состојба во Украина за 90 дена.
Ова, според написите, е веќе 13-то гласање во украинскиот парламент за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација од почетокот на војната во февруари 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Валенсија парализирана: сè уште се трага по луѓе
Најмалку 89 лица сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ја погодија југоисточна Шпанија минатата недела, соопштија регионалните судски власти во најтешко погодената провинција Валенсија.
Во соопштението се наведува дека во бројот на исчезнати се вклучени само лица чие исчезнување го пријавиле членовите на семејството, објави весникот „Ел Паис“.
Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите.
Last Week's haevy flood hiting to municipality of alfafar velencia spain drons footage show horriable results .
#Spain #SpainFloods #Alfafar #Valencia pic.twitter.com/QajwJokVCm— MFS ® (@mfs7786) November 6, 2024
„Сè уште има исчезнати лица што треба да се најдат“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на прес-конференција во Мадрид.
Санчез најави дека владата ќе одвои 10,6 милијарди евра за помош на настраданите.
Најмалку 217 лица загинаа во поплавите во Шпанија минатата недела, а форензичарите досега идентификуваа 133 лица.
Свет
Победата на Доналд Трамп на изборите во Америка го зајакна доларот во однос на еврото
Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави го зајакна доларот во однос на заедничката европска валута, а некои аналитичари дури предвидуваат дека еден долар набргу ќе вреди колку едно евро.
Според податоците на берзата, еврото во 12.35 часот се продаваше за 1,07186 долар и падна 1,98 отсто. Трговците со валути се свртуваат кон еврото бидејќи победата на Трамп ги зголемува шансите за агресивно намалување на каматните стапки во еврозоната, промени што водат до паритет меѓу еврото и доларот.
Холандските банки ABN Amro и ING веруваат дека еден долар ќе се продава за цена од едно евро во наредните месеци, а Дојче банк прогнозира дека еврото ќе падне на 1,05 долар до крајот на годината. Ветувањето на Доналд Трамп за воведување дополнителни царини би можело дополнително да ја ослабни европската економија, што би барало Европската централна банка уште повеќе да ја омекне својата монетарна политика, пренесува „Блумберг“.
„Трамп се врати и сите се плашеа од овој момент. Сосема е јасно дека овој исход, во релативна смисла, не е одличен за европските средства“, изјави глобалниот инвестициски директор на швајцарската банкарска групација „Ломбар Одије“, Михаел Штробек, пренесува „Танјуг“.
Свет
(Видео) Активисти за заштита на животната средина ја испрскаа американската амбасада во Лондон поради победата на Трамп
Активисти за заштита на животната средина денеска со портокалова боја испрскаа дел од зградата на американската амбасада во Лондон.
Тоа го направија во знак на протест поради победата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД, пренесуваат локални медиуми.
🧯 US EMBASSY PAINTED ORANGE AS WE REJECT FASCISM
This morning the world wakes to find it has slipped further into fascism as well as climate breakdown. Trump's win puts the lives of ordinary people at risk, everywhere.
Political systems that can be bought by big oil have no… pic.twitter.com/5OuFgH1B70
— Just Stop Oil (@JustStop_Oil) November 6, 2024
На видеото објавено од групата „Само запрете го маслото“ на платформата X се гледаат двајца членови на организацијата како го прскаат ѕидот на Амбасадата vо портокалова боја.
Организацијата наведе дека „победата на Трамп ги става во опасност животите на обичните луѓе насекаде“, објави „Ројтерс“.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис по победата во Висконсин, пренесоа американските медиуми.
Трамп доби 10 електорски гласа во Висконсин, што го прави да има вкупно 277. За победа на претседателските избори потребни се најмалку 270 електорски гласа.