Македонија
Министерот Лимани на дводневна посета во Турција на шестиот меѓународен самит за жените и правдата
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Република Турција заради учество на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, кој оваа година е со тематски наслов – Жените во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Растечки предизвици и зголемени можности.
Самитот се одржува на највисоко ниво, планирано е присуство и на Претседателот на Република Турција, Таип Реџеп Ердоган, првата дама на оваа земја, Емине Ердоган, министерката за семејство и социјални прашања г-ѓа Оздемир Ѓокташ, министри од повеќе земји и претставници на Здружението жени и демократија во земјата.
Покрај учеството на министерот Лимани на Самитот предвидени се и билатерални средби со претставниците на земјите учеснички на истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неисправни вагони и локомотиви имало во опожарениот хангар на „Македонски железници“, велат од МВР
Нема повредени во пожарот кој доцна синоќа во 1 часот и 45 минути по полноќ избувна во хангарот на „Македонски железници“ на булеварот Трета македонска бригада, објави МВР.
Од тука велат дека во хангарот имало неисправни вагони и локомотиви.
По два часа, пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје.
Утрово во 9 часот во полицијата било пријавено дека пожарот повторно се активирал, а во текот на денот бил изгаснат.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Македонија
Делегацијата на БЈБ учествуваше во изборот на новото раководство на ИНТЕРПОЛ
На последниот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се одржаа избори за позициите потпретседатели на ИНТЕРПОЛ за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ за Европа, Америка и Азија.
Македонската делегација предводена од Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше во процесот на изборите за наведените позиции.
Од страна на нашата делегација беа изразени лични честитки на ново избраните потпретседатели и членовите на извршниот комитет со искрени заложби за воспоставувње на нова заедничка визија и продлабочена меѓусебна соработка во насока на сузбивање и намалување на транснационалниот и трансконтиненталниот криминал во глобални рамки.
Завршно обраќање на делегатите по повод затварањето на 92 то Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ имаше членот на Кралското семејство принцот Едвард, Војвода од Единбург.
Од МВР велат дека македонската полиција продолжува со своите заложби да биде силен и стабилен партнер со полициите од светот, да ја зајакнува меѓународната соработка и да дава значителен придонес во глобалната безбедност.
Македонија
СДСМ: Кога ние доделувавме ваучери за клими немаше чекање
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се изживува врз граѓаните и ги понижува поради гужвите што се создадоа при чекањето на ваучерите за клима уредите.
„Неспособната ВМРО-ДПМНЕ денеска срамно ги понижи граѓаните кои со часови и во долги редиви чекаа за ваучери за клима уреди. Дури има случај каде што едне човек се онесвестил. СДСМ кога ги доделуваше ваучерите имаше систем без чекање, граѓаните имаа опција по пошта или лично во подолг временски период да ги подигнат. Затоа никогаш досега немаше гужви“, велат од СДСМ преку соопштение, додавајќи дека нивниот модел функционирал, а сега ВМРО-ДПМНЕ се правда дека немало време за пошта што воопшто не е точно
Дополнително, како што велат од партијата, од 2017 до 2021 година и градоначалниците на СДСМ имаа огласи за инвертери но никогаш гужви и понижување врз граѓаните никогаш немало.
Денес пред Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје се создадоа огромни гужви, каде граѓаните ги чекаа ваучерите за инвертер-клима уредите. Добитниците на ваучерите имаат 24 дена до крајниот рок од 30 ноември за да ги купат клима-уредите.