Спорт
Синер и Алкараз во различни групи на завршниот Мастерс
Јаник Синер и Карлос Алкарас успеаја да избегнат меѓусебен дуел на завршниот Мастерс во Торино. Нивна пресметка беше можна бидејќи Синер ие прв, а Алкараз трет носител.
Јаник Синер ја предводи Групата на Илија Настасе, во која се Данил Медведев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор
Носител на групата Група Џон Њукомб, во која е карлос Алкараз е вториот светски рекет Александар Зверев, а останатите двајца се Каспер Руд и Андреј Рубљов.
Турнирот во Торино ќе се одржи од 10 до 17 ноември. Организаторот обезбеди награден фонд од 15.250.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Галата го доби дербито против Тотенхем, Рома ја продлабочи кризата
Победата на Галатасарај над Тотенхем и нерешениот резултата на Рома кај Унион Сен Жилоа го обележаа четвртото коло во Лига Европа.
Галатасарај предводен од Виктор Осимен, во дербито на колото, го победи Тотенхем со 3:2. Нигериецот, кој игра како позаијмен играч од Наполи, постигна два гола. Победата на галата ја најави Агун во шестата минута. Тотенхем изедначи 12 минути подоцна преку Ланкшир, а потоа на сцена стапи Осимен со головите во 31. и 39.минута. Соланке во 69.минута го постви конечниот резултат.
Рома е во криза и тоа го потврди и во Брисел кај Унион Сен Жилоа. Римјаните одиграа 1:1 и покрај тоа што водеа од 62. минута со голот на Манчини. Мекалистер го постави конечниот резултат во 77.минута. Рома по четири рунди има пет бода.
Лига Европа, 4. коло
среда
Бешикташ – Малме 2:1 (0:0)
Мучи 76, Киличој 85 – Ријекас 90+3
четврток
Боде Глимт – Карабаг 1:2 (1:1)
Берг 41 – Бајрамов 22, Зубир 69
Ајнтрахт Франкфурт – Славија Прага 1:0 (0:0)
Мармуш 53
Елфсборг – Брага 1:1 (0:0)
Холтен 84 – Уга 66аг
ФЦСБ – Митјиланд 2:0 (1:0)
Танасе 16, Бирлигеа 46
Галатасарај – Тотенхем 3:2 (3:1)
Агун 6, Осимен 31,39 – Ланкашир 18, Соланке 69
Лудогорец – Атлетик Билбао 1:2 (1:0)
Маркус 20 – Вилијамс 73, Серано 74
Ница – Твенте 2:2 (0:1)
Бога 66, Чо 88 – Ротс 8, Ламерс 60
Олимпијакос – Ренџерс 1:1 (0:0)
Каби 56 – Десерт 64
Унион Сент Жилоа – Рома 1:1 (0:0)
Спорт
Дешам не го повика Мбапе во националниот тим
Селекторот на Франција, Дидие Дешам не го повика Килијан Мбапе (25) за натпреварите со Израел (14 ноември) и Италија (17 ноември) во групата 2 од А дивизијата во Лигата на нации.
Да потсетиме, капитенот и најголемата ѕвезда на Франција го немаше во составот на последните два репрезентативни натпревари со Израел и Белгија одиграни во октомври.
Објаснувањето тогаш беше дека тој е ставен на располагање на Реал Мадрид со цел да ја санира повредата на бутниот мускул на левата нога.
Во шведските медиуми тогаш се појави приказната дека локалната полиција покренала истрага за силување во хотел во Стокхолм, каде Мбапе поминал две ноќи со своите пријатели. Немаше индиции дека фудбалерот е вмешан и веста ја нарече лажна.
„Зборував со Килијан и донесов одлука. Подобро е вака… Мбапе сакаше да дојде“, изјави Дешам на прес-конференцијата, но не спомена дали се работи за повреда на напаѓачот на Реал.
Да потсетиме, Мбапе летово го напушти ПСЖ и потпиша за Реал. Досега за Реал има одиграно 15 натпревари, на кои постигна осум гола..
Спорт
Луис Енрике: 30 години сум во фудбалот, ова не можам да го објаснам
ПСЖ, вчера на домашен тере доживеа пораз од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Голот за победа на „јорганџиите“ го постигна Анхел Кореа, буквално во последните секунди.
Луис Енрике, него криеше разочарувањето, смета дека неговиот тим бил многу подобар, но и дека повторно остана без триумф во Лигата на шампионите.
„Без сомнение“, одговори тој откако беше запрашан дали пласманот на ПСЖ во нокаут фазата е во опасност и дополни.
„Она што ни се случи во три натпревари во ЛШ не може да се објасни. Три натпревари што ги одигравме дома. Ова би го опишал со зборовите необјасниво и неправедно. Тешко е да се објасни акко и покрај надмоќта што ја имавме имаме само четири бода.
„Тешко ми е. Остануваат уште четири многу тешки натпревари, но ќе се трудиме до последниот ден. Денес беше „смешно“ да се види како примивме гол. Ни требаат 20 чисти шанси за гол, а противникот ќе кивне и дава гол. Мораме да го прифатиме тоа, но мораме да се подигнеме и да продолжиме да се бориме, ова никогаш не сум го видел и не можам да го објаснам, а во фудбалот работам повеќе од 30 години“.
Пред поразот од Атлетико, ПСЖ на домашен терен играше 1:1 со ПСВ, беше поразен во Лондон од Арсенал со 2:0, додека единствената победа беше остварена со 1:0 против Џирона и тоа со многу среќа кога во 90.минута голманот Газанига си постигна авто-гол.
Со четири бода ситуацијата е далеку од идеална, бидејќи на ПСЖ му следуваат пеколни натпревари, како што е гостувањето кај Баерн на крајот на ноември, потоа нешто полесно гостувањето кај Салцбург во декември, но мора да го пречекаат Манчестер сити и на крајот да одат во Штутгарт.