Македонија
СДСМ: Се потврди тоа што го говоревме, цените намалени смешни 0,1 отсто

Цените во октомври месец биле намалени за само 0,1%, објави Државниот завод за статистика, реагираат од СДСМ.
„Ете толку е ефикасноста на мерката на владата за намалување на цените, нула. Месечната кошничката се намали само 57 денари. Прес-конференциите на владата и фалењето со намалени цени потонаа, а реалноста ја чуствуваат граѓаните секојдневно во маркетите. Намалување на цени нема и затоа Владата мора итно да го прифати предлог законот за ДДВ на СДСМ со кој граѓаните реално ќе штедат до 2.000 денари месечно“, се нагласува во нивното соопштение.
СДСМ, како што додаваат, има пакет од три закони кои ќе значат повеќе пари во џебот на секој граѓанин, поевтини ценина производи и повисоки плати.
Ова, појаснуваат во опозициската партија, е во интерес на сите граѓани и само од политички инает ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа овие политики.
„Жално е што ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на штета на граѓаните да води политики на отфрлање на добрите решенија. Од една страна Мицкоски зборува за обединување, од друга страна не прифаќа ништо што значи повеќе пари за граѓаните. СДСМ уште еднаш повикува на разум кај Владата и подава рака за соработка. Ако околу нешто треба да се обединиме тоа е подобар животен стандард и поддршка во време кога животот станува се потежок“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.