Спорт
(Видео) Јунајтед на погон на Диало го победи ПАОК, Фенер на Мурињо падна во Алкмар
Руд ван Нистелрој со победа се прости од функцијата в.д.менаџер на Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ првата победа во Лига Европа ја забележаа над ПАОК. Во четврото коло Жозе Мурињо со Фенербахче забележа тежок пораз во Алкмар. Во дербито, Лацио со гол во 92.минута го победи Порто.
Манчестер јунајтед во четвртата рунда ја забележа првата победа во Лига Европа. Претходно Јунајтед три пати играше нерешено. „Црвените ѓаволи“ победија благодарение на инспирираниот Диало.
Крлиниот напаѓач во 50.минута пооди со глава, а во 77.минута постигна гол во стилот на Рајан Гигс со што ги крена на нозе присутните на „Олд Трафорд“.
Ветеранот Педро во 92.минута му ја донесе победата на Лацио во дуелот со Порто. Претходно, капитенот Ромањоли погоди во петатта минута од надополнувањето на времето во првиот дел. Порто изедначи во 66.минута со голот на Еустакио.
Лацио по четири рунди е единствениот тим со максимален ефект во Лига Европа.
Мурињо со Фенербахче о доживеа првиот пораз во Лига Европа, но туркиот клуб има само пет бода. АЗ Алкмар победи со 3:1. Холанѓаните се на две победи и два порази.
Дал постигна гол за 1:0 во 59.минута, три минути подоцна Ен Несири не реализираше пенал, но Мароканецот сепак успеа да изедначи во 70.минута. До крајот играчите на АЗ постигнаа уште два гола, стрелци беа Смит и Касиус.
Резултати, 4.коло:
Ајакс – Макаби 5:0 (3:0)
/Траоре 14, Тејлор 27, богови 39, Броби 61, Фиц-Џим 69/
АЗ Алкмар – Фенербахче 3:1 (0:0)
/Дал 59, Смит 75, Касиус 87 – Ане Несири 70/
Динамо Киев – Ференцварош 0:4 (0:0)
/Варга 54, 67, Захаријасен 56, Салдања 76/
Хофенхајм – Лион 2:2 (0:0)
/Гендри 46, Тохумку 90+6 – Абнер 66, Лаказет 90+4/
Лацио – Порто 2:1 (1:0)
/ Ромањоли 45+5, Педро 90+2 – Еустакио 66/
Манчестер Јунајтед – ПАОК 2:0 (0:0)
/Дијало 50, 77/
РФС – Андерлехт 1:1 (0:0)
/Ндаје 90+6 а.г. – Стројкенс 85/
Викторија – Сосиедад 2:1 (1:1)
/Аду 13, Шулц 89 – Оскарсон 35/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

