Македонија
(Видео) Со академија за јавна администрација Минчев ќе ги доквалификува неквалитетните административци
Владата бара законски решенија за обука на некомпетентните административци. Министерот за јавна администрација Горан Минчев објави дека се залага за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани, но, како што рече, можните решенија за овој проблем во моментот се предмет на дебата.
„Јас сум повеќе за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани. Постојат и други решенија, но можеби е интересно дел од јавната администрација да се намалува по природен пат, врз основа на пензионирање, заминување од јавната администрација. Секако тоа е предмет на дебата“, одговори Минчев прашан од новинарите дали некомпетентната администрација значи намалување на бројот на административците.
Министерот говореше за трите законски решенија што беа на јавна дебата во изминатите три месеци издвојувајќи го како нов предлогот за формирањето академија за едукација и обука на јавната администрација.
„Со формирањето на академијата за обука на административците, би значело дека лоцираните проблеми во секоја институција, министерство, каде велиме дека има недостаток на квалитет и на знаење, би оделе на варијаната на преедукација на истите, односно на распоредување на работни места со цел да ги исполнуваат своите работни задачи врз основа на својот афинитет, образивание и квалитет“, изјави Минчев.
Одговарајќи на прашањата на новинарите, Минчев изјави и дека претходниот извештај на ЕУ нотирал злоупотреби на балансерот, кој е укинат од Уставниот суд, па сега со законот за правична застапеност на етничките заедници не смее да се брза. Најважно е, вели министерот, со новото законско решение да нема злоупотреби.
„Потребно ни е внимателно, уставно решение, со препорака од Венециската комисија. Исклучиво експерти работат на оваа област“, додаде Минчев, кој засега не можеше да каже во која фаза е процесот.
Прашан како во моментот се одвиваат огласите за административни службеници, Минчев вели дека подготвиле насоки до институциите, а можностите за јавни конкурси продолжуваат понатаму.
„Ние кажавме дека оние огласи што беа почнати со балансерот, ќе продолжат, а и оние што се без балансерот, исто така продолжуваат. Додека нема законско решение, огласите продолжуваат врз база на знаење“, дециден е Минчев.
Тој заклучи дека репер е знаењето и така треба и да биде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините.
Скопје
Без струја делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците дел од ул. Козле, дел од објектите над КАМ-маркет кон Центар во општина Карпош;
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. Ѓорѓи Андреевиќ и ул, Горно Лисиче во општина Ѓорче Петров;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците на ул Јабланица бр.101А во општина Кисела Вода.