Економија
Mastercard Credit Contactless картичка од Халкбанк за брзо и безбедно плаќање со многубројни придобивки

Во современиот свет, кредитните картички станаа незаменлив дел од секојдневниот живот кој им овозможува на корисниците да купуваат сега и да плаќаат подоцна. Без разлика дали се користат за секојдневни купувања, патувања или поголеми инвестиции, или пак, за задоволување на непланирани и итни трошоци, кредитните картички обезбедуваат удобност, безбедност и нудат многу други поволности кои го прават животот полесен и побезгрижен.
Токму такви поволности нуди Mastercard Credit Contactless кредитната картичка од Халкбанк која што претставува идеален избор за сите кои сакаат брзи, безбедни,бесконтактни плаќања и секако дополнителни бенефиции. Како дел од промотивна понуда, Халкбанк за првите 500 клиенти што ќе аплицираат за добивање ваква картичка и ќе направат трансакција со неа, обезбеди дигитален ваучер од 1.200 денари од giftcards.mk
Клиентите кои ќе ги исполнат условите за добивање на ваучерот, ќе добијат е-пошта со упатства за активирање и користење на ваучерот. Откако на линкот ќе изберат ваучер за еден од понудените трговци, тие ќе добијат баркод кој потоа може да се реализира во продажните места со прикажување на истиот преку телефон или друг уред. Уште една дополнителна придобивка е тоа што корисниците кои ќе направат промет од 45000 денари се стекнуваат со дополнителен ваучер од giftcards.mk во вредност од 1800 денари.
Mastercard Contactless кредитната картичка од Халкбанк инаку нуди многу поволности, како купување на рати без камата кај повеќе од 800 партнери на банката, можност за повлекување готовина без провизија во последните седум дена од месецот од банкоматите на Халкбанк и попусти до 10% при купување доброволно осигурување од Халк Осигурување. Корисниците на кредитните картички, Банката ги наградува и со Бонус програма со која со пазарување на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.
Mastercard Contactless картичките се дизајнирани со највисоки безбедносни стандарди, вклучувајќи 3D Secure технологија, обезбедувајќи безгрижно и сигурно искуство при плаќање.
Сите заинтересирани можат да аплицираат за Mastercard Contactless кредитната картичка во најблиската филијала или онлајн преку електронско или мобилно банкарство на Халкбанк.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде зелено светло на планот на Владата за намалување на царинските давачки за голем број суровини и репроматеријали кои се клучни за домашната индустрија и енергетскиот сектор. Со предлогот се предвидува намалување до 50% на царинските стапки кои важат во ЕУ и се укинуваат царините за увоз на стоки со потекло од САД, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
Според него, овие мерки ќе имаат повеќеслојно позитивно влијание: намалени трошоци за производство, подобрена конкурентност на домашните компании на странските пазари и поттикнување на нови инвестиции и отворање нови работни места.
Како што рече, укинувањето на царините за стоки со потекло од Соединетите Американски Држави не е само трговска, туку и стратешка и дипломатска одлука – сигнал за нашата зголемена подготвеност за продлабочена економска соработка со стратешките партнери и поддршка за слободната и фер трговија.
„Со оваа законска измена македонските компании ќе бидат поконкурентни, цените на производството ќе се намалат, извозот ќе се зголеми, што директно ќе се одрази врз растот на националната економија“, рече Пренџов.
Економија
Николоски на средба со 11 најголеми компании во Франција

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.
Во своето излагање пред присутните, тој ги презентираше транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на коридор 10. Притоа вицепремиерот Николоски потенцира дека унапредување на брзината на овој коридор е особено значајно за певтин и побрз карго транспорт за Централна Европа.
Исто така беа презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.
Вицепремиерот Николоски на средбата истакана дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополни вицепремиерот Николоски се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна поддршка за нови странски инвестиции.
На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења.
Претходно, вицепремиеорт се сретна и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.
Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници на Франција продолжуваат и во текот на утрешниот ден.
Економија
Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Во Радовиш и Гевгелија денеска се одржаа информативни денови за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година.
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески изрази задоволство од големиот интерес за мерката за самовработување, на која до Агенцијата за вработување се пристигнати пријави на повеќе до 6.000 лица. Тој се осврна и за најновата мерка која е достапна од вчера, а тоа е директна помош за компаниите.
– Станува збор за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средните претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Сите заинтересирани работодавачи кои сакаат да ги искористат поволностите од оваа мерка, можат да аплицираат до Агенцијата за вработување до 04.07.2025 година – кажа Ристески.
Градоначалниците на Радовиш, Ацо Ристов, на Конче, Златко Ристов, и на општина Гевгелија, Андон Сарамандов ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и искажаа задоволство од покажаниот интерес за самовработување во нивните општини. Тие упатија апел до сите компании да се запознаат со деталите од јавниот повик за Вработување и раст на правни субјекти во било која од 30-те подрачни центри за вработување на АВРМ и да аплицираат со цел да ги искористат поволностите кои се нудат.