Спорт
Пресметано е колку заработува Нејмар со секој допир на топката
Проблемите со повредите се причината поради која Нејмар досега одигра само седум натпревари за Ал Хилал. Вкупно на теренот бил 428 минути, постигнал еден гол и забележал три асистенции.
Официјалната сума за која настапува годишно е 100 милиони евра, но со сите бонуси и договори со клубот се верува дека оваа сума е многу поголема, не 200 милиони евра како што често се наведува, туку 120 милиони.
По враќањето на терените по повеќе од една година пауза поради повреда на коленото, бразилскиот ас заработи уште една повреда која ќе го оддалечи најмалку две недели од терените.
Се она што му се случува на Нејмар некои го искористија за да пресметаат за што точно Ал Хилал го плаќа Нејмар и колку.
Ако е платен 120 милиони евра, а дал само еден гол и да наместил три, лесно може да се пресмета колку пари добива ако се погледне таа статистика. Поинтересни се сумите кои покажуваат колку е платен за секоја одиграна минута или секој допир на топка
Податоците се на порталот 90мин:
По постигна гол: 120 милиони евра.
По асистенција: 40 милиони евра
По натпревар. 17,1 милиони евра
По допир на топката: околу 306 илјади евра
Одиграна минута: околу 280 илјади евра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Леганес ќе донира по 100 евра за настраданите во поплавите за секој километар што ќе го истрчаат фудбалерите
За секој километар што ќе го претрча фудбалерите на Леганес утре на натпреварот против Севилја, клубот ќе донира по 100 евра за настраданите од поплавите на југоистокот на Шпанија.
„Леганес ќе донира по 100 евра за секој претрчан километар на нашите играчи, така што напорите на теренот ќе послужат нешто поголемо од победа“, најави претседателот на клубот Џеф Луноу.
„Сакаме да го покажеме нашето единство со луѓето од Валенсија и дека не постои дистанца што може да ги раздвои луѓето“, додаде тој.
Леганес, прволигаш од предградието на Мадрид, претходно собра 200 тони хуманитарна помош откако неговите навивачи, вработени и поддржувачи донесоа храна, облека и други потреби.
Најмалку 219 лица загинаа, а по околу 80 се трага, кога пред десетина дена силниот дожд поплави многу места. Куќите се под вода и кал, а многу луѓе останаа без имот во најголемата природна катастрофа во Шпанија во последните децении.
Фудбалскиот клуб Валенсија, чија провинција најтешко страдаше, затоа го одложи саботното гостување во Барселона кај Еспањол, додека претходно не играше ниту против Реал Мадрид.
Бројни клубови во Шпанија се приклучија да им помогнат на настраданите. Европскиот шампион Реал Мадрид донираше еден милион евра за помош на бројни семејства во критична ситуација.
Водечкиот тим на шампионатот, Барселона, исто така испраќа финансиска помош и дополнително организира аукција на потпишани дресови на клубот, парите ќе одат за настраданите.
„Сите се со Валенсија“,порачаа од Бетис откако во провинцијата Валенсија испрати камион исполнет со собрана помош и парична донација од 100 илјади евра. Фудбалерите на второлигашот Леванте од Валенсија со лопати в раце чистат кал од улиците на опустошените подрачја откако им беше одложен натпреварот.
Фудбалските натпревари во Шпанија ќе започнат со едноминутно молчење во чест на жртвите, исто како што започнаа ширум Европа оваа недела на меѓународните натпреварувања.
Спорт
Асвел потпиша со екс играч на Оклахома
По повредата на Едвин Џексон, Асвел брзо реагираше и донесе засилување пред двојното коло од Евролигата.
Асвел потпиша краткорочен договор со 32-годишниот крилен играч Андре Роберсон, кој ја започна сезоната во Шоле и имаше просек од 12,2 поени, 5,4 скока и 2,8 асистенции во првенството на Франција.
Роберсон има богато НБА искуство најмногу како играч на Оклахома од периодот кога за овоаа франшиза играа Кевин Дурент, Расел Вестбрук и Џејмс Харден. Дресот на Оклахома го носеше од 2013 до 2020 година. година.
По епизодите во Бруклин Нетс и развојната лига (Џи-лига), тој се одлучи да се пресели во Европа.
Вечерва Асвел игра со Фенербахче, потоа следува меч од домашното првенство со Нантер, а наредната недела се дуелите со потоа судири со Олимпијакос и Црвенз звезда.
Спорт
Слот за повредата на Жота: Тоа е приватна работа
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот не е изненаден од добриот старт во новата сезона и истакнува дека бил многу свесен за силата на тимот што го наследил од Јирген Клоп.
Од 16 одиграни натпревари, Ливерпул победи на 14, има едно реми и еден пораз. На „Енфилд“ се надеваат дека и по саботниот дуел со Астон Вила ќе останат на врвот на табелата во Премиер лигата.
„Не можам да кажам дека сум изненаден, тоа не е добар збор, бидејќи ја знаев силата на овој тим уште пред да дојдам. Но, квалитетот е едно, конзистентноста е сосема друго“, изјави Слот на прес-конференцијата во петокот.
„Понекогаш ви треба и малку среќа. Поголемиот дел од резултатите сезонава беа заслужени, но некои можеа да имаат и поинаков исход. Кога почнав да работам со тимот, видов колку труд вложуваат за да ги постигнат овие резултати“, додаде Холанѓанецот.
Слот потврди и дека се уште не може да смета на Диого Жота кого не го очекува на теренот пред крајот на ноември. Жота се повреди на 20 октомври на дуелот со Челзи. Сепак, тој не сакаше да објасни за што се работи:
„Тој ќе се врати на првиот или вториот натпревар по репрезентативната пауза. Тоа е приватна работа“.
Ливерпул во сабота од 21 часот ја пречекува Астон Вила.