Контакт

Култура

Вредни археолошки предмети стари речиси 2 илјади и петстотини години ископани во Охридско-струшкиот Регион

Објавено пред

Вредни археолошки предмет, стари речиси 2 илјади и петстотини години се пронајдени во охридско-струшкиот регион.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференција, на која ексклузивно беа изложени некои од пронајдоците, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков,  објасни дека станува збор за голем научноистражувачки успех, кој не само што фрла нови светла врз археолошката историја на нашата земја туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.

„Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот Регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која по многу нешта личи на далеку попознатата требенишка некропола, која е во непосредна близина. Во рамките на гробната целина регистрирани се 80-ина наоди, од кои некои се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања, кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание и понатаму се значајни за нашето разбирање на историскиот контекст“, рече министерот Љутков.

Тој информира дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Сè почнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко, открива бронзен шлем, кој потоа го предава во Заводот и Музеј Охрид.

Министерот изрази голема благодарност за одговорниот пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка.

„Зачувувањето на нашето културно наследство не е само наша обврска туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија не само што го прошируваме нашиот историски контекст туку и ја зацврстуваме нашата позиција како важен фактор на регионалната, балканската и на европската археолошка сцена“, рече Љутков.

 

Археологот Перо Арџанлиев, раководител на истражувањата, информира дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј – Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.

„Во рамките на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со разни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и други, кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста. Овие наоди се од особено значење за научниот и културниот аспект на истражувањата и тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени услови во овој регион“, рече Арџанлиев.

Инаку, во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди, што сугерира на активен живот на високоорганизирана социјална елита на овој простор во тоа време.

На прес-конференцијата, на која беа изложени ексклузивно некои од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга, Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска, како и археологот Перо Арџанлиев, со дел од тимот археолози.

Култура

В четврток комеморација во МНТ за актерката Соња Каранџуловска

Објавено пред

На 29 мај (четврток) во 12:00 часот во Македонскиот народен театар, ќе се одржи комеморацијата за актерката Соња Каранџуловска.

dobivaj vesti na viber

Од МНТ велат дека Соња Каранџуловска пленеше на сцената со голема жар, со огромна амбиција кон големите дела и со беспрекорната работливост што ја красеше, а енергијата ја пренесуваше од сцената кон публиката и телевизискиот/филмскиот екран.

Вечен спомен за единствената Соња Каранџуловска.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на претставата „Кататонија“

Објавено пред

На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.

dobivaj vesti na viber

Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза Трајческа-Ристовска, сценографското решение и изборот на музиката се на Васил Христов, а дизајнер на плакатот е Денко Матевски. Инспициент на проектот е Саво Ивановски. Претставата е во копродукција на Вондерленд театар – Скопје и Македонскиот народен театар.

Претставата „Кататонија“ нè соочува со суровоста на современото општество, преку екстремни ситуации и ликови фрлени на маргините на општеството. Преку 24 различни приказни и голем број различни ликови, се проблематизираат прашања поврзани со патријархатот, правосудниот систем, соочувањето со кривичен прогон, одземена слобода, затворски услови, соочување со злосторство, личната трансформација при преиспитување на сопствената вина, личната трансформација при состојба на каење…

„Кататонија“ шокира со суровоста на ситуациите и дијалозите и бескрупулозно покажува со прст на системските аномалии. Јазикот на претставата е жесток, суров, но реален. Драмското писмо на Алис Бирч претставува продолжение на епохата на Сара Кејн, Марк Рејвенхил, Керил Черчил и други претставници на „ин јор фејс“ драматургијата, но погледнато од денешен агол.

Во надградената драмска предлошка во која секоја сцена останува засебна „приказна“, поврзаноста помеѓу сцените се насетува преку темите што ги обработува, некогаш преку реплика, некогаш преку зададена состојба и атмосфера , некогаш поради потребата да се надгради една или повеќе драмски ситуации, при драмските паузи или во она што го нема, а сепак е присутно.

Прикажи повеќе...

Култура

Тажна вест: почина актерката Соња Каранџуловска

Објавено пред

На 77-годишна возраст почина актерката Соња Каранџуловска.

dobivaj vesti na viber

Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година во првата генерација дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година.

На сцената на МНТ игра уште пред вработувањето. Прва улога ѝ е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу другите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).

Особено значајна и карактеристична и е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивалот на монодрама во Битола, фестивалот на монодрамата во Земун и на Барско лето, Бар, во 2003 година. „Клитемнестра“ е разултат на она што ја карактеризира Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше.

Покрај во театар, игра и на филм: „Новогодишен карусел“ (ТВ-филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ-филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“, ТВ-филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ-филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ-филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ-филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите: „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трета доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“.

Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и на колегите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Арсовска: „Храбриот“ Меџити наместо да дојде во Чаир заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, промовира туѓи проекти

Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се...

Македонија6 часа

Припадниците на „Беланоца- Барон“ се гонат за убиства, палење на автомобили на службеници од „Идризово“, изнуда на пари од фирми

Обвинителството поднесе обвинение против девет припадници на организираната криминална група „Беланоца- Барон“ за повеќе тешки кривични дела извршени во период...

Македонија6 часа

„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа...

Македонија7 часа

Изнајмување електричен автомобил ќе чини 22 денара за километар и 5 денари за минута, Божиновска и Меџити направија сефте возење

Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари за километар додека вози и 5 денари...

Македонија8 часа

Меџити убеден дека информатичарот Азир Алиу ќе се снајде и во Здравство: Министерот треба да биде добар менаџер, Алиу е најдобар предлог   

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко...

Македонија9 часа

Филипче: Британскиот заем е како да подигнам кредит со вашата лична карта, па од утре да плаќате камати, а не сум ви кажал ништо

Власта со целосно погрешни економски политики ја води државата во погрешен правец, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија9 часа

За изборот на нов министер на местото на Таравари се чека предлогот од Владата, Гаши уверува дека мнозинството е стабилно

Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство, кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен...

Македонија11 часа

(Фото) Ангелов му ја предаде директорската функција во ЦУК на Мухамед Аљи: Верувам дека ќе биде тешко да го следи моето работно темпо

Денеска, во 10 часот, во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на Мухамед Аљи, кој на оваа...

Македонија12 часа

Стојанче Ангелов нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување: најави спојување со ЦУК

Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, од денеска ќе ја извршува функцијата в.д. директор на Дирекцијата...

Регион13 часа

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3.06 часот наутро по локално време во Грција...

Европа15 часа

(Видео) 50 повредени во Ливерпул, двајца во критична состојба, полицијата: Не е тероризам

Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е...

Свет15 часа

(Видео) Пукање во Филаделфија, најмалку двајца мртви

Две лица се убиени, а најмалку осум други се ранети во масовно пукање што се случи синоќа во паркот Фермаунт...

Европа15 часа

Зеленски: Разузнавачките информации докажуваат дека Путин нема планови да ја заврши војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира нова офанзива. „Нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува...

Европа15 часа

Путин: Ако „Мекдоналд“ одлучи да се врати, нема да му поставиме црвен тепих

Русија нема да „го простира црвениот тепих“ за „Мекдоналдс“ ако компанијата одлучи да се врати во Русија, изјави Владимир Путин...

Македонија24 часа

Ацо Боцевски-Циганот уапсен во грчкиот град Катерини: беше во бегство 27 години

По 27 години бегство, во Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, македонски државјанин осуден за убиство. Според...

Свет1 ден

Путин: Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина

Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина по државниот удар во 2014 година, вклучително и...

Македонија1 ден

„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата

Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани...

Македонија1 ден

Разбиена мрежа за проституција: Лица од Бразил и Сирија носеле Бразилки во Скопје каде нуделе сексуални услуги

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица....

Македонија1 ден

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста по, како што велат, едностраните дејствија на...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова му подари на папата Лав XIV длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Апостолската палата имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV. На средбата традиционално беа...