Македонија
Јанев за британски BBC: Македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции
Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев на последниот работен ден од четиридневното Генерално собрание на Интерпол што се одржуваше во шкотскиот град Глазгов (Англија) даде интервју за реномираната британска тв куќа BBC а посветено, меѓу другото, и на успешно спроведената меѓународна операција на Интерпол – LIBERTERRA II, во која што на различни нивоа учествуваа стотина држави членки на Интерпол, а фокусирана на борбата и спрчувањето на организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
Во интервјуто особено беше истакната улогата на македонската полиција во операцијата, пред се преку воспоставувањето на Европскиот оперативен штаб во МВР во рамки на самата операција, а стана збор и за преземените мерки и активности на национално ниво кои резултираа со успешни реализации на случаи на трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
Инаку операцијата LIBERTERRA II привлече огромен интерес во медиумите ширум светот, особено заради сложениот оперативен менаџмент и активностите превземени од полициите на државите учеснички во операцијата, меѓу кои важно место имаше и нашата полиција.
Директорот Јанев нагласи дека македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции, во борбата против криминалот, сузбивањето на организираните криминални групи, лишување од слобода на сторителите, како и спасување и заштита на жртвите од овие криминални активности.
Всушност не само преку оваа и сличните вакви заеднички меѓународни акции, туку и со самиот факт нагласен во текот на Генералното собрание на Интерпол како признание за македонската полиција за успешната партиципација во операцијата LIBERTERRA II, се потврдува константата заложба на МВР да работи и да допринесе за безбедноста и стабилноста во регионални и глобални рамки, при што нашата полиција навистина се позиционира на меѓународната мапа како сигурен, доверлив, односно кредибилен партнер во заедничките меѓународни напори за сузбивање на сите безбедносни закани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

