Свет
Лос Анџелес: Во пожар изгореа 8.100 хектари земја и околу 100 згради
Во шумски пожар северозападно од Лос Анџелес изгоре околу 8.100 хектари земјиште во округот Вентура и околу 100 објекти, соопштија пожарникарите во Калифорнија.
Како што се додава, се проценува дека досега е запрен околу седум отсто од пожарот, пренесува Ројтерс.
„Пожарот гори на стрмен, нерамен терен. Пожарната активност е умерена поради намалувањето на ветерот над пожарот“, велат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Експлодира бојлер во стан во Нови Сад, маж пренесен во Институтот за белодробни заболувања
Пожарникарите и итните служби интервенирале денеска во 17 часот и 12 минути кога во стан на десетти кат во Нови Сад експлодирал бојлер.
Во моментот на експлозијата станот бил празен, јавуваат српските медиуми.
Како што изјави за 021.rs портпаролот на Институтот за итна медицина во Нови Сад, Зоран Круљ, Брзата помош пренела педесет и тригодишен маж во Институтот за белодробни заболувања во Сремска Каменица.
При влегувањето во станот се задушил од чад.
Засега се истражуваат сите околности за експлозијата.
Според написите, материјалната штета во станот е голема.
Свет
Полскиот претседател одби да биде на заедничката фотографија со Лукашенко на климатскиот самит
Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит COP29 што се одржува во Баку.
Како што пренесува полската новинска агенција ПАП, тој не сакал да биде на заедничка фотографија со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Од истата причина, исто така минатата година, Дуда не присуствуваше на заедничко фотографирање со учесниците на климатскиот самит COP28 во Дубаи.
Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“.
Свет
Шефот на НАТО и Макрон: Русија, Северна Кореја, Иран и Кина се закана за светот
Зголемувањето на економската и воената соработка на Русија со Кина, Северна Кореја и Иран ги загрозува Европа, Индо-Пацификот и Северна Америка, предупреди генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Во очигледната порака до новата американска администрација додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата, Руте ја истакна важноста на трансатлантското единство и континуираната поддршка за Украина во нејзината војна со Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
Пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Руте зборуваше за опасностите од севернокорејската, иранската и кинеската воена помош за Русија. „Русија која работи заедно со Северна Кореја, Иран и Кина ја загрозува не само Европа, туку и мирот и безбедноста овде во Европа и во Индо-Пацификот и Северна Америка“, рече Руте.
„Мораме повторно да се посветиме на одржување на текот на војната и да направиме повеќе отколку само да ја задржиме Украина во борбата“, рече Руте.
„Мораме да ги зголемиме влоговите со давање поддршка што ѝ е потребна на Украина за да ја промениме траекторијата на конфликтот“, додаде тој, според напишаното во медиумите.
Макрон рече дека ќе продолжи да се залага за помош на Украина се додека е потребно. „Тоа е единствениот пат кон преговорите и сакам да бидам јасен, кога ќе дојде време, ништо не треба да се решава за Украина без Украинци и за Европа без Европејци“, рече тој.