Спорт
(Видео) Хаос во хрватското дерби: Жестока тепачка меѓу играчите, влетаа и навивачите
Дербито на Хрватската кошаркарска лига меѓу славниот Шибеник и Динамо Загреб остана во сенка на скандалозната тепачка на кошаркарите на теренот.
Шибеник го доби натпреварот со резултат 82:75, но натпреварот го одбележа општ хаос на теренот.
По крајот на натпреварот најпрвин дојде до конфликт помеѓу домашниот репрезентативец Јосип Јуркиќ и играчот на Динамо Карл Микшиќ.
Почнале да се туркаат, а во еден момент се фатиле за врат.
И тоа беше сигнал за другите играчи да се активираат во овој конфликт, па дури и дел од публиката.
Капитенот Мартин Јунаковиќ со 19 и Миха Шкедељ со 17 поени го предводеа тимот на Шибеник до победата, додека кај гостите најефикасен беше ветеранот Иван Новачиќ со 14 поени.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) November 9, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски задоволен од сите фудбалери, незадоволен од состојбата на теренот
Македонската репрезентација одигра 0:0 на пријателскиот натпревар против Летонија, во последниот тест пред квалификациски дуел со Велс во вторник во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата по натпреварот ги сподели своите впечатоци и изрази задоволство од тоа што тимот го покажа на тактички план, а недостигаше реализација за победа.
„Сè што си поставивме како цел за овој натпревар, освен победата, беше исполнето. Сакав да видам како ќе изгледа екипата во нова формација, со нови тактички задачи и во ситуации на кои досега не сме работеле. Од таа перспектива сум навистина задоволен. Жал ми е што условите за игра не беа подобри. Се надевам дека наскоро ќе се направат напори да играме на поквалитетен терен, за да бидеме поефикасни во завршницата. Во последната третина, кога противникот е поставен во густ блок, потребно е прецизно завршно додавање, а денес против Летонија тоа го немавме. И покрај тоа, создадовме неколку шанси, но не успеавме да ги реализираме. Задоволен сум, сите фудбалери, без разлика дали се стандардни или влегуваат од клупа, ја оправдаа довербата. Тоа ми дава сигурност дека можам да сметам на секој од нив“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Извор/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
Асвел ја тужи Евролигата
Тони Паркер, мнозинскиот сопственик на кошаркарскиот клуб Асвел, потврди дека неговиот клуб презема правни мерки против Евролигата.
Елитното натпреварување го санкционираше францускиот клуб за непочитување на финансискиот фер-плеј.
„Евролигата јавно нè санкционираше за трошење 4,4 милиони евра за плати, додека нивниот минимум е 5,85 милиони“, рече Паркер.
„Сепак, прописите на француската лига ни забрануваат да трошиме повеќе. Ние сме под финансиска контрола. Накратко, тие нè замолуваат да не ги почитуваме правилата утврдени од националната лига, со која имаме одлични односи.“
Паркер е јасен – ќе оди на суд.
„Одиме на суд“, вели Паркер, истакнувајќи дека Асвел не ја продал А-лиценцата.
„Тоа е целосна невистина. Имаме договор до 2026 година“.
Патем, Асвел го зазема последното место со резултат од 2-8, а вечерва во 20.00 часот го пречекуваат Партизан.
Спорт
Алкараз го обезбеди првото место на крајот од годината
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Италијанецот Лоренцо Мусети со 2:0 во третото коло од Групата А на Завршниот Мастерс во Торино.
Алкараз славеше со 6:4, 6:1, а натпреварот траеше еден час и 24 минути.
Во Торино, Алкараз го направи она за што дојде, забележа три победи и го обезбеди првото место на АТП листата на крајот од годината.
Со овој триумф, тој се пласираше во полуфиналето од првото место во групата, а го повлече со себе и Алекс де Минор.
Австралиецот, Мусети и Фриц групата ја завршија со по една победа и два порази, но Де Минор се пласира во полуфиналето поради најдобриот гем-количник.
Де Минор ќе игра во полуфиналето против Јаник Синер, а Алкараз ќе игра против победникот од вечерашниот меч помеѓу Зверев и Оже-Алијасим.
По втор пат во својата кратка кариера, младиот Шпанец ќе ја дочека Новата година како рекет број еден во светот. Претходно, тој ја заврши 2022 година како официјално најдобар тенисер на планетата.
Foto/ EPA

