Спорт
Кливленд не запира, 11, победа во низа од почетокот на сезоната

Кливленд Кавалирс изминатата ноќ ја забележаа 11 победа од почетокот на сезоната. Кавалирс го бележат најдобриот старт во историјата на франшизата. Тие и понатаму се единствениот тим без пораз во лигата.
Кавалирс ја забележаа 11. победа во исто толку натпревари во ноќта меѓу саботата и неделата над Бруклин Нетс (105:100) и станаа 12. тим во историјата на НБА кој стигнал до скор 11-0.
Еван Мобли блескаше со 23 поени, 10/11 од поле, 16 скока, четири украдени топки, Донован Мичел постигна 22 поени, 4/6 за три, а Дариус Гарланд имаше 20 поени, 8/11 од поле, шест асистенции.
Актуелниот НБА рекорд, според бројот на победи на стартот на сезоната го држи Голден стејт Вориорс. Во сезоната 2015/16, Вориорс ги добија првите 24 натпревари, поставија најдобар сооднос победи-порази пред почетокот на плеј-офот (73-9).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ѓоковиќ: Меси е Г.О.А.Т

Новак Ѓоковиќ имаше интересна задача да избере кој според него е најдобар спортист на сите времиња.
На српскиот ас му беа понудени великани од сите спортови, по системот на елиминација го избра најдобриот.
Еве како изгледаше.
„Брејди или Џордан“
„Ќе го изберам Брејди, бидејќи приватно сме пријатели“, изјави Ѓоковиќ.
„Брејди или Мејведер“
„Том Брејди“
„Брејди или Мек Грегор“
„Том Брејди“
„Брејди или Болт“
“Ухх Том Брејди”
„Том Брејди или Хамилтон“
„Оооо Том Брејди“
„Брејди или Фелпс“
„Том Брејди или Меси“
„Извини Том, Меси“
„Меси или Ѓоковиќ“
„Меси“, со насмевка заврши Ѓоковиќ.
Novak must choose between some legends
pic.twitter.com/gS1geQPqQr
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) April 13, 2025
Спорт
(Видео) Во Норвешка играчот на натпреварот доби печено прасе

Екипата на Брин, која по подолг период се врати во друштвото на најдобрите, продолжува да ја воодушевува јавноста.
Клубот продолжи да дели интересни награди за играч на натпреварот. Најпрвин на мечот против Боде/Глимт играчот на натпреварот доби голема количина на јајца, а сега отидоа чекор понатаму.
Брин славеше во натпреварот од Купот на Норвешка совладувајќи го петтолигашот Верхуг со 4:0
Играчот на тој натпревар Хина Асен Ларсен за награда доби печено прасе тешко 23 килограми.
Да потсетиме, во овој клуб кариерата ја започна и Ерлинг Халанд.
• Bizarre scenes in the 1st round of the Norwegian cup between 5th tier side Varhaug and top flight team Bryne
• MOTM was given a 23kg pig as a prize
pic.twitter.com/V86ijGpb8Q
— Martin Bjerke
(@NorwegianSpursy) April 13, 2025
Спорт
(Видео) Новак на ГОАТ: Меси пред Ѓоковиќ, Џордан и Брејди

Новак Ѓоковиќ имаше интересна задача да избере кого го сметаше за најдобар спортист на сите времиња.
На српскиот ас му беа понудени великани од сите спортови, а еден го напушти по елиминациски систем.
Еве како изгледаше тоа.
Novak must choose between some legends
pic.twitter.com/gS1geQPqQr
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) April 13, 2025
„Брејди или Џордан“
„Ќе го изберам Брејди, бидејќи сме многу добри на приватен план“, рече Ѓоковиќ.
„Брејди или Мејведер“
„Том Брејди“
„Брејди или Мекгрегор“
„Том Брејди“
„Брејди или Болт“
„Аххх Том Брејди“
„Том Брејди или Хамилтон“
„Оооо Том Брејди“
„Брејди или Фелпс“
„Том Брејди или Меси“
„Извини Том, Меси“
„Меси или Ѓоковиќ“
„Меси“, заврши Ѓоковиќ со насмевка.