Македонија
Јаневска: Буџетот за научно-истражувачка дејност за следната година ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот
„Денес се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата“, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
„Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно дека не постои друга алтернатива за национален просперитет, освен да вложуваме во знаењето на граѓаните и во науката. Буџетот за научно – истражувачка дејност за следната година ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот, а интенцијата е во следните 4 години да изнесува најмалку 1% од бруто домашниот производ, за разлика од сегашните 0,3%. Ќе се обидеме да создадеме подобри услови за наука и истражување. И Ќе поддржиме научно – истражувачки проекти од јавен интерес и поголема активност на лабораториите во рамки на јавните научни и високообразовни установи. Ќе обезбедиме нови извори на научна литература. Финансирање на објавени научни трудови. Организирање домашни научни конференции и учество на меѓународни манифестации. Продолжува доделувањето стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, но и во странство на најдобрите 100 светски универзитети за да привлечеме повеќе млади со потенцијал за истражувања и иновации. Клучно ќе биде носењето на нов Закон за научно – истражувачка дејност кој ќе се изработи заедно со засегнатите и со стручната фела. Искрено очекувам и поддршка од бизнис заедницата, но и од сите останати чинители кои во науката гледаат важен столб на општеството и кои можат да помогнат на каков било начин во неговото зацврстување. Само со сплотеност на намерите можеме да постигнуваме цели и да одиме напред. Честит нека е 10 ноември – Светскиот ден на науката!“, напиша Јаневска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

