Спорт
(Видео) Рома е во длабока криза, Болоња победи на „Олимпико“

Болоња ја победи Рома на „Олимпико“ со 3.2 и ја продлабоч кризата во која се наоѓа „волчицата“.
Хрватскиот тренер Иван Јуриќ, веројатно последен пат ја водеше Рома. Впечатокот е дека Јуриќ нема контрола врз тимот. Рома го забележа третиот пораз во сите натпреварувања.
Болоња ја искористи бедата партија на Римјаните и првиот дел го доби со 0:1. Стрелец на голот во 25.минута беше Сантијаго Кастро.
Стефан Ел Шарави го израмни резултатот во 63. минута, но надежите на Рома дека може да дојде до позитивен резултат ги урна најпрвин Роберто Орсолини во 66.минута, а потоа и Јеспер Карлсон во 77.минута. Ел Шарави со својот втор гол во 82.минута само го ублажи поразот на Рома.
Болоња на тој начин и избега на Рома пет бода и е на осмото место, додека Рома е на 12. место со 13 поени.
Во вториот натпревар кој започна во 15 часот, Фиорентина на домашен терен ја победи Верона со 3:1.
Само четири минути му беа доволни на Мојсе Кен да го доведе својот тим во водство. До крајот на првото полувреме Суат Сердар го израмни резултатот.
Во вториот дел Кен го комплетираше хет-трикот со головите во 59, односно 92.минута.
Со оваа победа Фиорентина се најде на делба на првата позиција со Наполи и Аталанта. Наполи има натпревар помалку од конкурентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Флуминензе и Борусија одиграа без голови на клупскиот Мундијал

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Флуминензе одираа натпревар без голови на Светското клупско првенство во САД.
Дерби натпреварот од првото коло од Групата Ф на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси заврши со најнепопуларниот резултат, 0:0. Секогаш е интересно и неизвесно кога се натпреваруваат Германците и Бразилците, но овој пат играчите на им двата тима останаа должни на фудбалските фанови.
И за овој натпревар немаше голем интерес кај навивачите, на стадионот со капацитет од малку повеќе од 80.000 седишта, имаше точно 29.755 гледачи.
Фудбалерите на Флуминензе, шампионот на Јужна Америка од 2023 година, беа нешто поопасни, особено во второто полувреме кога голманот на Борусија, Грегор Кобел, се истакна во неколку ситуации. Особено во 70-та минута кога Евералдо имаше добра шанса.
Капитен на тимот од Рио де Жанеиро беше легендарниот бразилски репрезентативец и поранешен дефанзивец на Милан, Пари Сен Жермен и Челзи, 40-годишниот Тијаго Силва.
19-годишниот Џоуб, помладиот брат на англискиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам, дебитираше за тимот на Нике Ковач. Тој пристигна од Сандерленд за околу 30 милиони евра. Влезе во игра во 59-та минута наместо Паскал Грос.
Јужнокорејскиот Улсан ХД и Мамелоди Сандаунс од Јужна Африка играат во истата група вечерва на полноќ.
Во второто коло на 21 јуни ќе играат Мамелоди Сандаунс – Борусија Дортмунд (18.00) и Флуминенсе – Улсан ХД (24.00).
Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0