Спорт
(Видео) Ипсвич го шокира Тотенхем, Њукас победи во Нотингем, Ван Нистелрој го раздвижи Јунајтед

Манчестер јунајтед по заминувањето на Ерик Тен хаг ја продолжи успешната серија со убедливиот триумф над Лестер (3:0). во попладневните натпревар изненадувачки победи на гостински терен забележаа Ипсвич и Њукасл, кај Тотенхем (1:2) и Нотингем Форест (1:3).
Попладнево во Лондон, Ипсвич го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од сезоната. Ипсвич против Тотенхем ја забележа првата победа во сезоната.
Тотенхем го шокираа Смодич и Делап со головите во 31. и 42.минута. Во вториот дел Тотенхем се обиде но не успеа да го избегне поразот. Постигна домаќинот гол преку Бентакур во 69.минута.
Тотенхем продолжи да игра топло-ладно и сега е 10-ти со 16 бода. Ова е прва победа за Ипсвич сезонава и сега е надвор од опасната зона со осум бода.
Играчите на Манчестер јунајтед во добра атмосфера ќе го пречекаат новиот тренер Рубен Аморим кој пристигнува од лисабонски Спортинг.
Привремениот менаџер Руд ван Нистелрој успеа да го раздвижи тимот. Јуанјтед рутински го победи Лестер со 3:0.
„Лисиците“ ги решија во првото полувреме, најпрвин со голот на Фернандеш во 17. минута, а потоа и со автоголот на Кристијансен во 38. минута. Победата со убав гол ја потврди Гарначо во 82.минута.
Њукасл стави крај на серијата добри резултати во кои беа играчите на Нотингем Форес. „Страчките“ со пресврт славеа со 3.1 „Шумарите“ дојдоа до предност со голот на Муриљо во 21.минута, а во второто полувреме Њукалс го направи пресвртот.
По пресвртот, „страчките“ славеа, а до него стигнаа во второто полувреме, кое го започнаа со негатива бидејќи Муриљо го совлада Поуп во 21. минута.
Исак изедначи во 54. минута, Жоелинготн погоди за предност во 72., а победата ја потврди Барнс во 83.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Рајо ја декласира Џирона, Миовски заменет во 45.минута

Рајо Ваљекано со победа во Џирона ја отвори 95. сезона во шпанската Ла Лига. „Пчелките“ славеа убедлива победа со 3:1.
Иако можеби не беше очекувано, првиот меч во сезоната донсе голем број голови, а победникот беше познат по првите 45.минути.
Рајо Ваљекано постигнаа два гола во рок од три минути. Прво, во 18-та минута, Хорхе Де Фрутос постигна гол, а во 21-та минута, му асистираше на Алваро Гарсија за 2:0.
Во 43-та минута, домашниот голман Пауло Газанига направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон. На теренот влезе резервниот голман Крапивцов, а тренерот Мичел реши да го повлече од игра македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Пеналот во гол го претвори Иси Палазон.
Џирона не се откажа, продолжи да напаѓа, а наградата стигна во 57-та минута кога, по продорот на Циганков, топката ја смести во мрежата Жоел Рока.
Foto/ EPA
Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.