Спорт
(Видео) Наполи освои бод против Интер, Чалханоглу промаши пенал

Фудбалерите на Интер и Наполи ремизираа 1:1 во дербито од 12. коло на италијанската Серија А. Ова беше дуел на двата последни шампиони на Италија, а шампионот од 2023 година Наполи го задржа првото место на табелата со 26 бодови. Бранителот на титулата Интер заостанува бод зад лидерот, заедно со Аталанта, Фиорентина и Лацио. Јувентус е шести со 24 бодови и јасно е дека шампионската трка ќе биде исклучително возбудлива оваа сезона.
Она штио се очекуваше пред мечот и се случи, на „Џузепе Меаца“ се водеше тактика војна меѓу Симоне Инзаги и Антонио Конте, во текот на првото полувреме Наполи му го препушти поседот на Интер, но играчите на Конте беа исклучително опсани кога ќе тргнеа во транзиција.
Двапати се закани преку Кварахелија, а потоа поведоа во 23. минута.
Кварацхелија изведе корнер од левата страна, Рахмани налета на топката во шеснаесетникот и ја насочи кон голот, а во шеснаесетникот Скот Мектоминеј само ја и го смени правецот и ја испрати во мрежата, за 0:1.
Интер немаше игра во првото полувреме, но и покрај тоа тимот на Инзаги успеа да изедначи. Хакан Чачаноглу, во 43.минута испрати страотен удар од 25 метри, впечаток е дека и Мерет мораше подобро да реагира.
Првата половина од вториот дел беше за заборав, играчите целосно ги исполнија сите тактички задачи, но некаде од 65. минута Интер го зголеми ритамот и тргна во офанзива.
Во 74. минута Интер доби пенал, а Чалханоглу ја погоди стативата.
Тоа беше негов прв промашен пенал во дресот на Интер.
Во финишот немаше возбудувања до 94. минута, кога Џовани Симеоне пропушти одлична шанса да ги шокира домаќините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
За Ендрик нема место во Реал

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица.
Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката.
Тимот предводен од Роберто де Зерби има бод помалку од првопласираниот Пари Сен Жермен и се чини дека би можеле да се борат оваа сезона за титулата.
Со оглед на тоа што Африканскиот куп на нации доаѓа во зима, Марсеј ќе биде без Обамејанг и Гири со што ќе се отвори дупка во нападот и потенцијален проблем во трката за трофејот.
Ендрик би можел да биде решението. Засега, Бразилецот не сака да брза со одлуката, но очигледно е дека ќе мора да замине од Мадрид доколку сака да игра и да се избори за место во репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство следното лето.
Спорт
„Модриќ, Џеко, Варди. Кој ќе плати за да гледа гробишта за слонови?“

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиѓа предизвика бурни реакции откако објави нова епизода од подкастот „Центрокампо“, каде што даде низа остри коментари против одредени фудбалски ветерани, вклучувајќи го и Лука Модриќ.
Неговите изјави, кои ги пренесоа „Milannews.it“ и бројни корисници на социјалните мрежи, предизвикаа бран полемики во Италија.
Во клип кој брзо стана вирален, Барџиѓа ја спореди италијанската Серија А со „гробишта на слонови“, алудирајќи на фактот дека клубовите сè повеќе им даваат шанса на играчите во доцните фудбалски години, наместо на помладите таленти.
Како примери ги наведе Лука Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди.
„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Тие се готови како играчи! Кој ќе плати за да гледа гробиштата на слонови? Го носите Ричи за 25 милиони, а играте со некој што има 40 години!“, рече Барџиѓа, предизвикувајќи лавина реакции од јавноста.
Сепак, формата на хрватскиот ас ги негира сите негови тврдења. Лука Модриќ, кој ова лето пристигна во Милано како слободен агент од Реал Мадрид, продолжува да докажува дека возраста не е пречка за него. Од почетокот на сезоната, тој ги одигра сите шест натпревари од Серија А во почетниот состав и e еден од клучните играчи во тимот на Масимилијано Алегри.
„Росонерите“ моментално се на третото место на табелата, а примија само три гола.
Покрај тоа, „Ла Газета дело Спорт“ наведува дека Модриќ е на самиот врв во лигата по бројот на прецизни додавања и точноста на додавањата, поради што раководството на Милан веќе планира да му понуди продолжување на договорот.
Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.