Спорт
Сака и Рајс се повредија против Челси, нема да играат за Англија

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да го победат Челзи, на „Станфорд Бриџ“ вчера резултатот беше 1:1. Тимот на Микел Артета сега има девет бода помалку од лидерот Ливерпул.
Дулеот против градскиот ривал на Артета му донесе нови главоболки. Шпанецот по дербито на „Стемфорд Бриџ“ потврди дека Букајо Сака и Деклан Рајс се повредени и дека ситуацијата не изгледа добро.
„Не изгледа добро. Ако двајца играчи кажат дека не можат да го продолжат натпреварот, тогаш очигледно тоа не е добра вест“, изјави Артета.
Од Англија стигна потврда дека Сака и Рајс ќе го напуштат репрезентативниот камп за да ја продолжат терапијата во Арсенал.
Тимот на Микел Артета има пеколен распоред по репрезентативната пауза, Нотингем во Лондон, густувањата кај Спортинг во Лисабон и Вест Хем, а потоа на „Емирати“ ќе пристигне Манчестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ленгле како слободен играч потпиша со Атлетико

Францускиот фудбалер Клеман Ленгле потпиша договор со Атлетико Мадрид до јуни 2028 година.
Ленгле беше член на Барселона, а минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико.
Францускиот фудбалер го раскина договорот со Барселона порано денес, а потоа потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид како слободен агент. Минатата сезона, Ленгл одигра 34 натпревари за мадридскиот клуб и постигна три гола.
Покрај Барселона и Атлетико, дефанзивецот играше и за Астон Вила, Тотенхем, Севиља и Нанси.
Спорт
Киву го презеде Интер

Романскиот фудбалски стручњак Кристијан Киву (44) е назначен за нов тренер на Интер од Милано.
Киву потпиша договор со тимот од „Џузепе Меаца“ до 30 јуни 2027 година.
Тој го наследи Симоне Инзаги на клупата на вицешампионите на Европа и Италија. Инзаги минатата недела поднесе оставка и замина во Ал Хилал.
Киву поднесе оставка од тренерската позиција на Парма пред да биде назначен во Милано.
Романецот беше тренер на младинските категории на Интер од 2018 до 2024 година, а како играч беше член на клубот од Милано од 2007 до 2014 година.
Спорт
Започна чистката на „Олд Трафорд“, први на удар ветераните

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (33), шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф (30) и поранешниот репрезентативец на Северна Ирска Џони Еванс (37) ќе го напуштат Манчестер Јунајтед на 30 јуни, објави англискиот клуб.
Во соопштението се наведува дека договорите на тројцата фудбалери со Манчестер Јунајтед истекуваат на 30 јуни и дека англискиот тим не смета на нив следната сезона, бидејќи клубот од „Олд Трафорд“ одлучил да не ја продолжи соработката со Ериксен, Еванс и Линделоф.
Еванс беше член на Манчестер Јунајтед од 2006 до 2015 година, а се врати во клубот од „Олд Трафорд“ во 2023 година. Ирецот и претходно објави дека ќе се пензионира.
Ериксен пристигна во Манчестер Јунајтед во 2022 година, додека Линделоф е член на „Црвените ѓаволи“ од 2017 година.