Спорт
Нкунку сака да го напушти Челси, ситуацијата ја следат Јунајтед и ПСЖ

Напаѓачот на Челзи, Кристофер Нкунку ги разгледува опциите да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок.
Французинот е во втор план кај Енцо Мареска, нема доволно минутажа, освен во Конференциската лига за која никој не е заинтересиран.
Интересно е тоа што Енкунку е најдобар стрелец на Челзи во сите натпреварувања, во досегашниот тек од сезоната има постигнато 10 гола, но повеќето од нив во квалификациите, а потоа и во Конференциската лига (6), два во Лига купот и само еден во Премиер лигата. .
Се споменува дури и можност да биде купен од Манчестер јунајтед, а ситуацијата внимателно ја следат и во ПСЖ, клуб со кого и претходно беше поврзуван. Се очекува ПСЖ во јануари да го напушти 90 милиони евра платениот Рандал Коло Муани.
Челзи за Нкунку издвои 60 милиони евра, но тешката повреда го спречи да се наметне.
Нкунку има 26 години и може да покрие повеќе позиции во нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.
Спорт
(Видео) Папајанис во солзи го напушти дуелот со Панатинаикос

Играчот на Панатинаикос, Јоргос Папајанис, ја доживеа можеби најлошата и најтешката повреда во спортот.
Не беше во дуел со противнички играч, но се повредив слетувајќи во обид да постигне кош во акција „алеј уп“.
Најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти.
Поанешниот грчки репрезентативец ја напушти салата во Истанбул.
Инаку Анадолу Ефес загуби од Панатинаикос со 81:95 во петтото коло во Евролигата.