Македонија
СДСМ: Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити
Христијан Мицкоски додека зборува за инсталации веќе се обидува длабоко да влезе во партизација на судството. Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот Христијан Нмицкоски.
„Ова ли е реформата која ја најавува? Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правеше порано и сака да го прави и сега.
Вистинска реформа не подразбира партиско назначување на кадри како што тоа го прави Мицкоски туку судство ослободено од прангите на неговата партија“, додаваат од СДСМ.
Оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО), на новинарско прашање во врска со тоа какви барања имаат турските бизнисмени и со какви проблеми се соочуваат, истакна дека нивните барања се логични и не се надвор од очекувањата.
„Логични се барањата, за дел од барањата веќе се работи, веќе се во процес. Генерално дозволи за работа за работници од надвор, дозволи за градење, што се нашите приоритети. Мислам логични барања, не е нешто коешто е надвор од она кое што е логично и како Влада правиме и вложуваме максимални напори сето тоа да биде реализирано и мислам дека дел од тие работи веќе се реализираат. За дел до крајов на годината, така што не беше нешто надвор од очекувањата“, рече Мицкоски.
Македонија
Бесплатни тестови за рак на простатата во „Железничар“: капка крв може да им го смени животот на мажите над 45 години
Секој четврток до крајот на овој месец во Здравствениот дом „Железничар“ во центарот на Скопје мажите над 45 години може да направат бесплатен ПСА-тест за откривање рак на простатата. Здравствениот дом денес се приклучи на светската кампања за подигнување на свеста за машкото здравје „Грижи се за себе“.
„Денес, тука превентивно се испитува еден протеин, ПСА, за мажите што се во ризична група за развивање карцином на простатата. Се работи за возраст над 45 години. И јас и земник-министерот сме во ризичната група, па дојдовме да се испитаме. Со ова сакаме да порасне свесноста кај луѓето за тоа дека треба да се испитуваат и да ги натераме нашите граѓани што повеќе да одат на превентивни прегледи за да ги откриеме што порано болестите што се развиваат во понапредната возраст кај мажите. Секој четврток, од 12 до 14 часот, ќе се испитува бесплатно за сите граѓани во ризична група, возрасни мажи над 45 години“, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, кој меѓу првите денес го направи тестот заедно со заменик-министерот Јовица Андоновски.
Директорот на „Железничар“ рече дека интересот за тестирањето е многу голем, а се тестираат не само скопјани, туку и пациенти од други градови.
„За дваесетина минути се прегледани повеќе од стотина граѓани. За два часа очекуваме да бидат прегледани речиси 400. Здравствениот дом ‘Железничар’, како најстар здравствен дом во државата, се приклучи во глобалната кампања за поттикнување на свеста за заштита на машкото здравје со бесплатни ПСА-скрининг тестови за машката популација постара од 45 години. Оваа пригода ќе ја искористам директно да им се обратам на мажите – една капка крв може да ви го промени животот. Секој превентивен преглед е важен. Прегледајте се, превенирајте и заштитете се. Само така ќе имаме здрава популација, здрава држава“, рече директорот на Здравствениот дом „Железничар“.
Пулт за земање крв за тестот ќе биде поставен пред влезот на „Железничар“ на 21 и на 28 ноември, во периодот од 12 до 14 часот.
Министерот Таравари најави дека за в година ќе размислуваат бесплатното тестирање да се рашири и во други градови од земјата.
Македонија
Филипче: Буџетот е осакатен во делот на енергетика и животна средина, средствата преполовени
Во Предлог Буџетот за 2025 година нема никаква визија за енергетска независност на државата. Владата на Христијан Мицкоски направи цело Министерство за енергетика, што ќе нема што да работи. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прва седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025 година и остро ја критикуваше Владата и во делот на буџетските проекции за енергетиката и за заштитата на животната средина.
Како што потенцираше Филипче, во Предлог Буџетот за 2025 нема државни проекти за модернизација на енергетските капацитети или нови инвестиции во енергетската ефикасност. Средствата за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо.
„Пред некој ден премиерот Мицкоски најави гасна когенеративна централа со која ќе се намали загадувањето. И министерке, Ве прашувам: Каде се овие гасни централи во буџетот? Во која ставка се алоцирани овие средства? Да Ве потсетам, во буџетот што Вие го браните овде, во делот на енергетика има помалку предвидени средства за развој на енергетиката од 406.331 на 243.100 милиони денари. Но, затоа имате предвидено повеќе средства за искористување на природните ресурси“, потенцираше Филипче.
Тој ја праша министерската за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска дали под искористување на природни ресурси се подразбира отворање на нов рудник, но и до каде е ветерниот парк во Штип најавуван од премиерот Мицкоски.
„Министерке, сте биле ли во Штип да видите дали има 680 милиони евра инвестирани за ветерен парк или има ледина каде се движат животни? Нема ниту парк на терен, ниту во буџетот“, истакна Филипче.
Филипче упати критика за планирањето на буџетските средства и за Министерството за животна средина каде што, како што потенцираше, повеќе средства се одвојуваат за плати и вработувања, а помалку за заштита на животната средина. Министерке, со повеќе пари за плати, а помалку за проекти ќе се борите против загадувањето?, праша Филипче на Комисијата за финансирање и буџет.
„Заштита на животната средина, намалување од 611.387 на 442.065 милиони денари, или намалување од: 27,7%, за квалитет на воздух: намалување од 46.415 на 22.771 милиони денари, или намалување од: 51%. Тука не се правдајте со донации од надвор, прашањето е: зошто Владата не издвојува повеќе средства за решавање на овој горлив проблем“, праша Филипче.
Филипче ја потсети министерката за финансии на Планот за чист воздух, донесен на почетокот на мандатот на Владата на СДСМ, поддржан од Европската Комисија и со акционен план и алоцирани средства од 1,5 милиони евра и праша, дали проектираните 368.000 евра за 2025 година се доволни за справување со загадувањето.