Спорт
Газдите на Рома во преговори со Тен Хаг
Рома се уште бара замена за Иван Јуриќ кој доби отказ веднаш по поразот од Болоња со 3:2.
Јуриќ не се снајде најдобро во Рим, поради што газдите, семејството Фридкин бара нов тренер.
Повторно се споменува Де Роси, кој пред два месеци доби отказ. Тој самиот истакна дека никогаш не и ја затворил вратата на Рома. Сепак италоијанските медиуми тврдат дека Ден и Рајан Фридкин, сопствениците на Рома, биле во Лондон каде преговарале со потенцијални тренери.
Фридкин не сакаат Италијанец за тренер, за разлика од спортскиот директор Гисолфи, па американските сопственици преговарале со Греам Потер и Ерик тен Хаг.
Тоа што беа во Лондон и не преговараа со Лампард веројатно го исклучува поранешниот капитен на Челзи како наследник на Иван Јуриќ.
Тен Хаг е скап, но сепак рпифатил да разговара со Ден и Рајан Фридкин. Се уште не е познато како завршил разговорот.
Роам, според шпекулациите викендов треба да добие нов тренер, а дотогаш тимот ќе го води Џанлука Фалсини, првиот човек на младиот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа нема да брани за Белгија додека селектор е Тедеско
Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид се уште не сака да се врати во белгиската репрезентација.
Питер Вилемс, извршен директор на Белгиската фудбалска асоцијација, отпатува во Мадрид за да се обиде да го убеди голманот повторно да застане на голот на Белгија.
Сепак, голманот на Реал остана на својот став. Тој одби да се врати се додека селектор е Доменико Тедеско.
Куртоа го пропушти ЕП поради несогласувања со германскиот стручњак, а неговиот последен натпревар за Белгија беше во 2022 година.
Поради повреда на мускулот ги пропушти и последните четири натпревари за Реал.
Во последните две кола од овогодинешната Лига на нации, Белгија вечерва на домашен терен игра со Италија, додека во недела гостува кај Израел.
Спорт
Ван Нистелрој блиску до нов ангажман
Руд ван Нистелрој направи одлични работи за краткото време на клупата на Манчестер јунајтед. На клубот му требаше привремено решение пред доаѓањето на Рубен Аморим, а легендарниот холандски напаѓач се покажа како пол погодок, забележа три победи и едно реми отако го замени Ерик тен Хаг.
Аморим, во понедлникот официјално го презеде Манчестер јунајтед и негова прва одлука беше да не го задржи Ван Нистелрој во својот стручен штаб. Англиските медиуми пишуваат дека тој нема долго да биде без работа.
Ван Нистелрој стекна светска слава играјќи за Јунајтед. Тој одигра 219 натпревари и постигна 150 гола. Ја освои и титулата во англиското првенство.
Подоцна се пресели во Реал Мадрид, а кариерата ја заврши во 2012 година во Малага.
Тренерската кариера ја започна како главен тренер на вториот тим на ПСВ, а потоа го предводеше првиот тим до 33 победи и 10 нерешени во 51 натпревар и му донесе два трофеи.
Ван Нистелрој наводно би можел да му биде понуден од Барнли.
Во истиот контекст се споменуваше и минатото лето, а повторно се споменува и сега, кога тимот се бори за влез во Премиер лигата од Чемпионшип, пишуваат англиските медиуми.
Спорт
Завршена тркачката сезона 2024 во Европскиот твинго-куп! 🏁
Со возбудливи трки, драматични пресврти и неверојатни настапи тркачката сезона 2024 во Европскиот твинго-куп официјално е завршена!
По неколку месеци интензивна конкуренција, висококвалитетни перформанси и напнатост на секој круг, сезоната 2024 ни донесе незаборавни моменти. Печати од неизвесни финиши, неверојатни брзински резултати, тимски стратегии кои ќе се паметат долго време и успешни настапи на најпознатите тркачки патеки во Европа, со нашиот единствен претставник, Бојан Петрушевски кој во оваа сезона влезе полн со страст и стремеж кон совршеност.
Европскиот Твинго Куп 2024 се покажа како една од највозбудливите и најконкурентните тркачки серии, која собра многу добри возaчи од цела Европа. Овој шампионат беше полн со адреналински моменти, каде секој круг претставуваше нов предизвик, а секоја грешка имаше висока цена.
🏆 Резултати и успех на европските патеки за Бојан Петрушевски:
🚗 13-15.04.2024 – Варано, Италија Првиот натпреварувачки викенд во Варано започна успешно за Бојан Петрушевски. Во конкуренција од 20 возачи, на патеката Riccardo Paletti, Бојан го имаше најбрзиот круг во првата трка, каде што го освои 5-тото место, додека втората трка ја заврши на пиедесталот и го зема 3-то место. Започна силно, демонстрирајќи својата брзина и стратегија.
🚗 26-28.04.2024 – Балатон Парк, Унгарија На патеката во Balaton Park, Унгарија, Петрушевски продолжи со одличните резултати. Два пати искачувајќи се на пиедесталот. Во првата трка, заврши 3-ти, а во втората трка успеа да го освои 2-ро место. Овие резултати го поставија на врвот на генералниот пласман по четвртата трка во Euro Twingo Cup, како лидер во конкуренција на 30 возачи!
🚗 02-04.08.2024 – Мост, Чешка Трката во Мост, Чешка, донесе вистински пресврт. По излетувањето во првата трка, Петрушевски стартуваше 25-ти во втората трка. Сепак, со неверојатно темпо и храброст, успеа да се искачи на 5-то место, претекнувајќи 20 натпреварувачи. Со овој резултат, Бојан го зазеде 3-то место во генералниот пласман, што беше одлучувачки момент за натамошните трки.
🚗 18-20.10.2024 – Муџело, Италија На предпоследниот натпреварувачки викенд, во Муџело, Италија, Бојан Петрушевски го имаше својот најсилен настап. Неверојатниот финиш на втората трка во која за прв пат сезонава се разменуваа позиции во последните метри.
На оваа трка се појавија и тројца други македонски возачи: Марко Блажевски, Мурис Хамзиќ, и дебитантот Стефан Тренески, кои се натпреваруваа во конкуренција од 22 возачи од цела Европа.
Во првата трка, Петрушевски заврши на 4-то место, додека во втората трка беше во водство цела трка, но на последните метри, по неверојатен пресврт, заврши на 5-то место, борејќи се сам до последниот метар. Причината за овој пад во резултатите беше одлуката на друг македонски возач, кој, на жалост, избраа да помогне на противникот, наместо на својот сограѓанин Петрушевски.
🚗 08-10.11.2024 – Мисано, Италија
На последната одлучувачка трка од оваа сезона, која се одржа на познатата патеката Marco Simoncelli во Misanо, Италија, напнатоста беше присутна од почеток до крај, но не донесе среќа за нашиот претставник Бојан Петрушевски. По неуспешно завршување на првата трка, втората трка ја стартува од предпоследната 21ва позиција. Неговата храброст, одлични тркачки перформанси, стратегија и брзина беа клучни да за само 4 круга престигне 15 возачи, да го направи најбрзиот круг и фати ред со првата група на возачи.
Оваа трката беше исполнета со напети двобои помеѓу лидерите на генералниот пласман, но пресвртниот момент се случи кога Полјанец и Грм се заплеткаа во инцидент на патеката, што беше пресуден за Петрушевски директно да се удри во нив и да се преврти со возилото и стави крај на оваа трка.
🏆 Шампионите на сезоната 2024 заслужуваат посебни честитки! Возачите кои успеаја да се издигнат на врвот, меѓу кои на нашиот претставник Бојан Петрушевски ги покажаа своите возачки способности, темпо, храброст и стратегија, победувајќи во најпрестижните и најтешките етапи на шампионатот. Но, како и секогаш, ова не беше само борба на возачите, туку и на тимовите кои со неверојатна прецизност и организација го поддржаа секој момент од трката.
После неколку месеци напната конкуренција на најпознатите европски стази, Матич Преша ја потврди својата доминација и стана шампион на Twingo Eurocup 2024. Неговата храброст, стратегија и брзина беа клучни за овој успех.
🎉 Twingo Eurocup 2024 – Краен пласман:
1. Матич Преша (Словенија)- 202
2. Ник Полјанец (Словенија)- 184
3. Лука Грм (Словенија)- 161
4. Зал Резар (Словенија)- 144
5. Бојан Петрушевски (Македонија)- 131
💥 Резултати од сезоната за Петрушевски:
· По 5 возбудливи викенди и 10 трки (3 не завршени) на најпознатите европски патеки, нашиот претставник Петрушевски не само што ја претставуваа Македонија, туку и покажа извонредни индивидуални перформанси, нереална храброст и држење на нервите со големи надмудрувања во најкритичните моменти, борејќи се со најдобрите во Европскиот Твинго Куп.
· Бојан Петрушевски беше лидер во генералниот пласман по четвртата трка, дури три пати да се искачи на пиедесталот од вкупно 7 завршени трки, а на крајот на сезоната заврши на 5-тата позиција, без оглед на непредвидливите случувања во последната трка.
🌟 Македонска гордост во Euro Twingo Cup! 🌟 Иако сезоната не заврши со посакуваната титулата, успешниот настап на Бојан Петрушевски во Euro Twingo Cup е значаен за македонскиот моторспорт. Нашиот возач докажаа дека може да се натпреваруваат со најдобрите, а неговата борба и резултати не поминаа незабележано. Сезоната 2024 ќе биде запамтена како уште една успешна страница во историјата на македонскиот автомобилски спорт!
🔜 Што следи? По оваа историска сезона, погледите се веќе насочени кон новите предизвици. Во 2024, Twingo Eurocup покажа дека европскиот моторспорт е исполнет со адреналин, непредвидливи моменти и навистина извонредни таленти. Следните сезони се уште понеизвесни и предизвикувачки, но се повеќе и повеќе македонски возачи се појавуваат на европската сцена, носејќи со себе дух на победа и желба за напредок. Со нетрпение очекуваме што ќе ни донесе сезоната 2025, но до тогаш, не заборавете: Европскиот Твинго Куп не застанува и секоја нова сезона носи нови шанси и нови предизвици, а нашите амбиции не застануваат тука!
(ПР текст)