Спорт
Луксембурго: Винисиус иритира со однесувањето, постои она видео со Модриќ
Вандрелеј Луксембурго (72) е на чело на листата на тренери со најмногу освоени титули во бразилската Серија А. Лула, има пет титули со Сантос од 1961 до 1965 година, а исто толку има и Луксембурго, со таа разлика што освои две со Палмеирас и по една. со Коринтијанс, Крузеиро и Сантос.
Во текот на кариерата ги водеше и Реал Мадрид и бразилската репрезентација. Лукембурго во едно интервју го коментираше Винисиус Жуниор.
24-годишен напаѓач е честа мета на ривалските навивачи. Често јавно се жали дека го навредуваат поради бојата на кожата, но Луксембурго ги отфрла овие наводи и тврди дека Винисиус е тој што провоцира, а за возврат добива свирежи и огорченост од публиката.
„Мое мислење е дека тој предизвикува многу вакви реакции правејќи работи што не треба да ги прави“, изјави Луксембурго.
„Навредите што ги добива немаат врска со расизмот. Расизмот на фудбалските терени изгледа поинаку“, тврди стручњакот, кој се занимава со тренер од 1983 година.
Како пример за тоа што го провоцира Винисиус, тој го зеде Лука Модриќ.
„Постои она видео кога противникот му ја дава топката а Винисиус ја фрла на тревата, овој повторно му ја дава а тој ја фрла и му се потсмева. На Модриќ противникот му ја става топката во раце, а тој ја прифаќа“, додаде Луксембурго наведувајќи пример зошто пример Винисиус е на удар на навивачите.
„Некој го удира, тој станува и го напаѓа тој играч. Замислете само колку удари доби Пеле, замислете колку претрпе Зико. Од ударите е иритиран како да е некаков прогон затоа што е црн“, заклучи тој.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 30, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

